АНДОНОВ: Спасовски или не ја зборува вистината во континуитет или не знае што потпишува

Поврзано

Секој што се обидува да го негира фактот дека Гоце Делчев е македонец, се обидува да го фaлсифиkува коренот на македонецот

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата...

Оваа кампања ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ, зашто власта не испорача, а ние нудиме надеж и реални прогресивни проекти

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен...

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска на прес-конференција истакна дека и покрај сите негови досегашни укажувања за драстичните повреди на законската регулатива и правните процедури во МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и натаму продолжил со спроведување на својата зацртана партиска агенда, која, како што рече, подразбира погазување на елементарните законски норми врз кои почива функционирањето на МВР.

andonov

Од вчерашната изјава на Спасовски може да се констатира дека или  не ја зборува вистината во континуитет или човекот не знае што потпишува. Но, и во едниот и во другиот случај е непрофесионален и тенденциозно ја манипулира македонската јавност, посочи Андонов.

Во претставката доставена до Државната комисија за спречување на корупција посочи дека ги приложил сите акти со кои се потврдува коруптивноста на неговите еднострани и незаконски распоредувања и унапредувања по донесување на одлуката за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Потенцира дека на јавноста ќе и ги предочи решенијата и наредбите кои тој лично ги издал и ги потпишал.

– Во наредбите кои Спасовски ги издал, а за кои тврдеше дека се со времетраење од 30 дена, во точка 3, јасно можете да видите дека задолжувањето трае додека постои потреба од извршување на наведените работни задачи, што е во директна спротивност со член 154 став 4 од Законот за внатрешни работи, врз основа на кој е донесена наредбата. Членот 154 од Законот за внатрешни работи на РМ, Спасовски го прекршува и во повеќе други наврати, рече Андонов.

Според него, незаконското распоредување и унапредување работници е видливо и во ситуации во кои работници на Бирото за јавна безбедност се распоредени во Управата за безбедност и контраразузнавање, иако тие, како што рече, не ги поседуваат потребните квалификации и безбедносни сертификати предвидени со закон.

Иако Законот за Влада предвидува двоен потпис на министерот и дополнителниот заменик-министер за сите акти и документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања, наредбата, појасни, е потпишана еднострано само од Спасовски.

– Индикативно е дека најголемиот дел од наредбите за распоредување и унапредување се однесуваат на вработени во секторите за внатрешни работи кои потпаѓаат во изборните единици 2 и 4, а во кои Спасовски и неговиот ментор Заев се носители на листи. Овој податок упатува на постоење намера да се злоупотреби полицијата во функција на избирачкиот процес, а во полза на СДСМ, истакна Андонов.

Нагласи дека Спасовски предизвикал финансиски импликации нанесувајќи штета врз буџетот на Министерството кои изнесуваат речиси 25 проценти зголемување на трошоците за плати и придонеси, надвор од планираното во однос на минатиот месец.

– Неговото самоволие кулминира со неговите обвинувања на сметка на вработени во МВР и нивно поврзување со ВМРО-ДПМНЕ и политичката кампања, а во исто време му советувам да провери колкумина од неговото најблиско работно опкружување спроведуваат активна политичка кампања за потребите на СДСМ, и тоа во работно време. Пред завршување на истрагите во МВР за наводен поткуп за избори, за кои воопшто нема докази, Спасовски си дозволи да обвини политичка партија и припадници на МВР јавно заканувајќи се со суспензии, истакна Андонов.

Нагласи дека сите овие кршења на законот кои ги прави Спасовски од почетокот на неговото министерување, а на кои тој му укажувал, брзо ќе излезат на виделина пред институциите на системот.

Андонов на прес-конференцијата рече дека безбедносната состојба во Република Македонија е стабилна без речиси какви било посериозни нарушувања. – Ваквата состојба за Република Македонија е посакувана во континуитет, но особено е значајна во овој период кога се наоѓаме во непосредна изборна кампања и пред избори, додаде Андонов и изрази надеж дека ваквата состојба ќе продолжи и понатаму.

Актуелно

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во операцијата на „УДБА“  биле следени...

Повеќе вести