АНКЕТА НА ЦИА ВО КАРПОШ: Стевчо го „гази“ Богац со стабилни 2:1 во општина Карпош!

  • September 12, 2017
  • Коментари

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, и претседател на политичката партија ГРОМ со стабилно водство пред неговиот противкандидат во општина Карпош Стефан Богоев од СДС, покажува последната анкета спроведена од Центарот за Истражување и Анализа (ЦИА) спроведена од 4-ти до 7-ми Сепмтеври годинава

 

Од ЦИА информираат дека истражувањето на јавното мислење е спроведено преку теренска анкета на 1.202 испитаници на територија на општина Карпош, а резултатите се со маргина на грешка од +/- 2%.

Според анкетата на ЦИА, 77.37% проценти од испитаниците се изјасниле позитивно на прашањето „Дали ќе излезете на гласање на претстојните локални избори?“, додека 19.56% одговориле негативно, а пак 3.04% сеуште немаат одлучено.

Довербата во легитимноста на изборите е драстично намалена, на само 44.79%, додека во фер избори не веруваат 15.76%, а речиси 40% од испитаниците не се сигурни дека изборите ќе бидат сигурни.

 

Според испитаниците, пресудно на овие избори во општина Карпош ќе биде квалитетот на личноста, наспроти партиската припадност или нешто друго.

Мнозинството граѓани се задоволни од досегашната работа на актуелниот градоначалник Јакимовски. Имено 64.22% одговориле дека се задоволни од работата на градоначалникот. Само 21.04% се незадоволни, додека 14.86% се делумно задоволни.

 

Можеби и очекувано, поддршката која Јакимовски ја ужива во Карпош се потврдува од изборен циклус, во изборен циклус. Слично како и на последните локални избори, Јакимовски повторно ужива доверба од 38.65% од испитаниците, наспроти 22.94% на неговиот противкандидат Стефан Богоев. Неодлучни се 28.78% од граѓаните, додека на 9.65% од гласачите немаат доверба во ниту еден кандидат.

Претходно «
Следно »