АНОНИМНО ПИСМО ИСПРАТЕНО ДО РЕДАКЦИЈАТА НА „ИНФОМАКС“: Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името

  • July 10, 2018

Пред влезот на редакцијата на „Инфомакс“ вечерва беше оставено анонимно писмо, потпишано од „Комита“ во кое е напишано сведоштво за настаните по 17.јуни кога полицијата фрлаше солзавец пред Собранието, а беа уапсени десетици припадници на навивачката група.

Писмото го пренесуваме во целост.

Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името.

После масовните протести по договорот Заев -Ципрас кои се одржаа на 17 јуни пред собранието на Република Македонија и продолжија во деновите кои следеа, а кои ги инициравме ние навивачите од навивачката група Комити, следеше притисок и прогон врз сите нас.

Одкако не растераа со шок бомби, солзавец и гумени куршуми и одкако приведоа десетици учесници на овој протест, власта не постигна речиси ништо. Револтот наместо да го снема уште повише зајакна. Ние момците од Комити не се исплашивме и во наредните денови продолживме да го покажуваме нашето незадоволство.

Тогаш власта реши да се справи со нив неофицијално. Имено стотина наши членови беа изложени на други методи. Дел од нив беа собирани во полициски станици и им беше претено со обвиненија, на дел им беа ветувани бенефиции ако создадат раздор или да играат по сценарио, а некои беа директно атакувани. Овој последниот метод подразбираше да бидат начекани Комити и здробени од мавање по скопските улици од групи кои имаат конекции од власта, како порака до сите нас кои покажуваат непокор, а полицијата тоа “да не го види“ или “да го води како обична тепачка или расчистување на сметки помеѓу криминалци“. Закрилата им беше гарантирана.

Ордите под закрила на власта, кои не беа едно-етнички беа пуштени во лов на Комити, а една од една од тие “контролирани акции“ заврши трагично по животот на нашиот другар Саздо.

Да. Ордите не беа само од една етничка група, туку за жал, беа водени позадински од удбашко подземје кое посочуваше со прст на секој од нас на кој требаше ордите да удрат. Целта беше висока, да се замолчи јавноста која беше против “историскиот договор“, и затоа сите средства беа оправдани…

Претходно «
Следно »