АНТИ-НАТО И АНТИ-ВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ: Македонски Обединети Сили повикаа на протест во недела!

  • January 19, 2018

Македонски Обединети Сили повторно повикаа на протест кој ќе се одржи на 21.01 во 13.00 часот пред Собранието на Р.Македонија, како израз на незадоволство по изгласувањето на законот за јазиците, најавите за промена на името, ратификувањето на договорот со Бугарија, но и туркањето во НАТО наспроти волјата на народот

 

 

„Браќа и сестри Македонци
МОС-Македонски Обединети Сили заедно со нашиот братски сојузник Тврдокорни и неколку други патриотски организации,го повикуваме Македонскиот народ на предупредувачки протест во недела на 21,01,2018 во 13,00ч пред Македонското собрание .
Овој протест е изнуден од очигледната уништувачка политика која ја спроведуваат поедини политичари во нашата земја.
Проблемот околу наметнатата двојазичност ,спроведувањето на тиранската платформа,неприродното збратимување со бугарската црква и процесот околу менувањето на името и одрекување од нашиот идентитет се сериозна причина да ниеден од нас не стои настрана како ништо да не се случува.
Состојбата е алармантна и нашата земја Македонија сега бара јунаштво од својот народ да може да ја одбрани правдата своите семејства и својот дом
Бегањето од борбата за Македонија е најголем срам за еден Македонец а отпорот е чест обврска и должност кој воедно е и пат кон бога .
Го замолуваме единствен праведен бог да не благослови со храброст во борбата за Македонија која допрва започнува .
Слобода за Македонскиот народ а смрт за предавниците !!“ – стои во повикот на МОС.

Претходно «
Следно »