October 20, 2021, 9:39 pm

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ: Денес во 13.00 часот, семакедонски, достоинствен протест во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мирен, СЕМАКЕДОНСКИ, достоинствен протест, 13ч на Плоштадот во Скопје

1. Секој народ има право на својот јазик и своето национално и државно име; 140 држави во светот не’ признаваат како Republic of Macedonia, што е огромен успех. (не дозволете уфрлени удбашки поединци да прават инциденти со палење туѓо знаме или слично, оти тоа не доликува на македонскиот цивилизациски пристап за почит кон сите соседни народи.)

2. Секој демократски настроен граѓанин има право да побара повлекување на недоловничкиот, антизаконскиот и неуставниот предлог закон за двојазичност, кој ќе го дели општеството, ќе ја слабее државноста, ќе ја направи нефункционална државната администрација, кој доживеа суспензивно вето од Претседателот, со низа неуставни забелешк. Политичкиот пазар Заев – Ахмети не смее да биде над Уставот и државните интереси!

3. Доколку сепак Заев, Ахмети и Талат одлучат на мускули, неделовнички и противзаконски да го туркаат на сила предлог Законот за двојазичност и ги отфрлат, деградираат или прескокнат сите или голем дел од 35.600 амандмани поднесени од опозицијата, тогаш така “изгласаниот закон” е производ на незаконита и гнила процедура и самото тоа му дава полноправна основа на ПРМ Иванов по втор пат, врз основа на незаконито дејствие на претходниот орган, да не го потпише овој неуставен закон. Потоа Ахмети и Заев имаат опција да размислат за импичмент / отповикување на Претседателот.

* Затоа предлог законот за Двојазичност треба да се повлече од дневен ред, да се формира раб.група предводена од стручни експерти по лингвистика, уставно право и кохезија за мултиетнички средини, да се изработи уставноподобен текст кој би имал реална потреба и примена во корист и на албанците, и без дискриминација за турците, и кон ромите, србите, власите и бошњаците.

 

Мирен, СЕМАКЕДОНСКИ, достоинствен протест, 13ч на Плоштадот во Скопје 1. Секој народ има право на својот јазик и своето…

Posted by Antonio Milososki on Saturday, March 3, 2018

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Во лyдилото заборавија кој ги донесе на власт

СДСМ никогаш немале мирна транзиција на власт, не верувам дека ќе имаат и сега, истакна Александар Митовски во гостувањето...

More Articles Like This