АНЃУШЕВ ДЕЛИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА ЛАЈКОВИ НА ФЕЈСБУК: Лажна фан страница на Кочо Анѓушев организира награда игра за вработување во Влада!

  • April 13, 2018

Најнов модерен оглас за вработување на владата на Република Македонија или поточно кажано на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Во овој пилот проект на Владата во овој момент се вработуваат само двајца по случаен избор со понатамошна можност за излегување нови вакви огласи.

Имено Владата на РМ и како што го нарекуваат ,,господинот Кочо Анѓушев’’ ги следат најмодерните светски трендови па така ова е првиот Фејсбук оглас за вработување во Македонија. Огласот го објави ,,Фан Клубот на господинот Кочо Анѓушев’’на својот Фејсбук профил. Квалификациите за добивање на работното место се имање на Фејсбук профил и имање на најбазични основни компјутерски вештини.

Во огласот се вели ,,Лајк, споделување и коментар ,,ДА” на овој пост, и господинот вработува 2ца по случаен избор!!! Важи до 15ти Април!!!’’. Според наши ексклузивни информации кои пристигнаа до нашата редакција, предност на огласот ќе имаат они кои имаат повеќе шерувања на владината програма, партиски настани на СДСМ, фотографии со господинот се разбира и најбитно IQ помало од 70 поени и членска книшка на СДСМ. Побрзајте заинтересираноста е огромна .

Секако, фан страницата најверојатно е лажна и не е администрирана од вицепремиерот Анѓушев.

Претходно «
Следно »