АНЃУШЕВ ДPCKO ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ,,ЕУРОКОМПОЗИТ”: Ако не го прифателе неговиот предлог може да штрајкуваат колку сакаат

  • June 7, 2019

Во вчерашниот централен дневник на 1ТВ изјава дадоа вработени од фирмата „Еурокомпозит“ кои бараат веќе еднаш засекогаш да се реши прашањето со нивните плати, бидејќи владата се што вети ништо досега не исполни.

Нашите барања не се прв пат денеска произнесени. Веќе две години ги кажуваме. А, нашето барање е спас за „Еурокомпозит“. Вработените треба редовно да си земаат плати. Освен за технолошки вишок друго ништо од ветеното не се реши. Не се исплатија опремнини, нема решавање на ништо, нема пензии, нема плата. Оваа влада две години не лаже као сега за 3 месеци, за 6 месеци ќе дојде купец, а сега одеднаш имаме три купци, изјави вработен од „Еурокомпозит“.

Вработен од „Еурокомпозит“ посочи дека на голем ден Спасовден се случи она врв на ароганцијата, врв на лаги од страна на премиерот, имено вицепремиерот Анѓушев рече „Или земете, или ако сакате штрајкувате колку сакате. Од милион ипол евра повеќе нема. Ако сакате останете колку ви е мило или одете си за Прилеп“.

Токму оваа негова изјава ни го крена притисокот и повеќе ги прекинуваме сите разговори со вицепремиерот, истакна вработен од „Еурокомпозит“.

Претходно «
Следно »