АНЃУШЕВ KOHTPA ЗАЕВ: Македонија не е Швајцарија да зголемува пензии преку ноќ

Поврзано

Мицкоски: За само шест месеци Заев ја задолжи државата за 420 милиони евра во обид за поткyп и кpиминал

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Прилеп кажа дека граѓаните на 15 јули избираат помеѓу потрошени политичари и...

Фетаи и Бубевски позитивни на корона?

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил откри детали за љубовниот живот на екс специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи....

Николоски до Заев: Дали твоето семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 вечерва во Прилеп кажа...

Вицепремиерот Кочо Анѓушев контра премиерот Зоран Заев околу зголемувањето на пензиите. За тие да се зголемат, вицепремиерот рече дека треба да порасне просечната плата, но и зголемувањето на бројот на вработени. Но, сепак, вели дека Македонија не е Швајцарија за тоа да се случи толку брзо, знаејќи ја состојбата со дупката на пензискиот фонд и кондицијата на буџетот.

– Факт е дека во државата се вработија 54 илјади луѓе за две години, а факт е и дека нето платите во текот на две години пораснаа за 10 отсто. Тоа е практично извор на средства, бидејќи сите тие 10 отсто плус плати просечни тие даваат плус 10 отсто средства во Пензискиот фонд. Исто така, овие 54 илјади нововработени со своите придонеси даваат плус средства во фондот. Цениме дека и пензионерите треба да го почувствуваат тој благодат од тоа што се случува во општеството. Се разбира, дека тој сооднос треба да го почувствуваат и пензионерите и сите останати во администрацијата за кои се обидуваме и нивните плати да ги направиме подостојни, рече Анѓушев.

Пензионерите идната година ќе добијат огромно зголемување на пензиите, и тоа ќе биде врз основа на економскиот раст, вети премиерот на трибина во Штип, одговарајќи на прашање на пензионер, кој го праша зошто пензиите не се качени за 10% како што беше ветено во предизборието.

И додека премиерот само ветува дека пензиите ќе се зголемат, највозрасните граѓани во земјава се разочарани зашто на нивните сметки не виделе ниту денар покачување. Освен, како што велат, празните ветувања од власта дека ќе биде подобро.

Разочарувањето на пензионерите не стивнува. До нашата реакција постојано се јавуваат пензионери, кои велат дека е срамота што имаат незабележително покачување на пензиите од 20 до 60 денари, што е смешно, па дури и понижувачко.

Околу зголемувањето на пензиите се огласи и Светска Банка, која предупреди дека треба да се внимава околу тоа, за да не се предизвикаат негативни ефекти врз целокупната економија на среден рок.

Порастот на просечната плата од 10% во текот на овие две години и вработувањето на 54.000 луѓе за тој период, треба да го почувствуваат и пензионерите, но и сите во администрацијата, велат од владата.

Инаку, пензиите, од 13 илјади и 750 денари во 2016, лани достигнале над 14 илјади и 400 денари. Дали наредната година ќе има покачување, или пак ќе се „стопи“ растот на пензиите, останува неизвесно.

Актуелно

(Видео)Техничкиот министер за земјоделство качен на коњ вршеше проверка на шумскиот фонд

Ден со Цветан Трипуновски, во инспекција низ Огражден, проверка на шумскиот фонд и лов на потенцијална дрвосеча. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/745665222864670/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Прилеп. Cледете во живо: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/360493781586587/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Крушево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Крушево. Неговото обраќање во живо можете да го...

(Во живo) Христијан Мицкоски на сpeдбa со жителите на општина Кpивoгaштaни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од општина Кривогаштани. Неговото обраќање може да го следите...

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на 15 јули, Заев губи и во Муртино

ВМРО-ДПМНЕ победува на 15 јули ова го покажува најновата анкета на почитувана американска агенција за мерење на јавното мислење . Анкетите по изборни единици...

Повеќе вести