December 8, 2021, 4:10 am

Анџелина Џоли и злoстaвувaните гимнастичарки – силувaчoт конечно доби 175 години зaтвoр

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јануари 2018 година, Насар, кој беше поранешен доктор на Женскиот тим за ритмичка гимнастика во Соединетите држави (УСАГ), беше осуден на 175 години затвор, откако повеќе од 150 жени и девојки тврдеа дека сексуално ги злоупотребувал во период од 20 години. Жените не можеа да го докажат тоа пред судот, затоа што полицијата, односно ФБИ, давало лажни информации.

Заврши неколкугодишната судска драма со силувањето на врвни спортистки во Америка, кои беа игнорирани од ФБИ и институциите – силувачот Лари Насар денеска доби 175 години затвор, пишува Нет. Многу јавни личности ја дадоа поддршката на овие жени, а меѓу нив беше и глумицата Анџелина Џоли(46) која на Инстаграм се сликаше со четири од нив.

„Импресионирана сум од нивната храброст и посветеност во спречувањето на идните неуспеси во истрагата за злоупотреба“, напиша Џоли на Инстаграм.

Четирите врвни гимнастичарки Мекејла Марони, Али Рајсман, Меги Николс, Кејли Лоринц и Џесика Хауард, се само дел од мрежата од 150 жени-спортистки кои биле манипулирани и злоставувани од нивниот доктор кој ги прегледувал. Пред неколку дена тие се охрабрија и сведочеа пред Конгресот во САД, пишува магазинот „Пипл“.

Силувал 150 жени за 20 години

„Ми беше чест да запознаам некои од храбрите американски гимнастичарки кои вчера се појавија пред Судската комисија на Сенатот“, напиша Џоли во описот на објавата, истакнувајќи дека е импресионирана од нивната храброст.

Анџелина го заврши својот пост со пораката „Стоп за насилството врз жените“.

Да потсетиме, во јануари 2018 година, Насар, кој беше поранешен доктор на Женскиот тим за ритмичка гимнастика во Соединетите држави (УСАГ), беше осуден на 175 години затвор, откако повеќе од 150 жени и девојки тврдеа дека сексуално ги злоупотребувал во период од 20 години.

ФБИ лажело и не ги заштитило жените

Во средата се одржа седница во Сенатот по извештај на главниот инспектор на Министерството за правда, во кој се наведува дека ФБИ не одговорила соодветно на обвинувањата за сексуална злоупотреба од Насар во 2015 година во својата истрага.

За време на сослушувањето, Марони, Рајсман, Николс и олимписката гимнастичарка Симон Билес тврдеа дека ФБИ дала лажни изјави во официјален извештај и не ги документирале наводите на жртвата.

Анџелина во последно време е многу активна за женските права во светот. Таа објави видео од Би-Би-Си на Инстаграм во кое се гледаат катастрофалните последици кои ги чекаат жените во Авганистан по опсадата од талибанците.

Видеото погледнете го тука.

„Можевме да поштедиме 100 жени од силување“

– Како што рече Али Рајсман во своето сведочење, повеќе од 100 жртви можеа да бидат поштедени од злоупотреба. Ни требаше само едно лице да ја направи вистинската работа. Почитување и поддршка за нив и за сите што ја поминуваат оваа траума за да може да се случат реформите во системот – продолжи таа.

Џоли додаде дека се сретнала со девојките додека била на Капитол Хил „разговарајќи со сенаторите за повторно одобрување на Законот за насилство врз жените и реформите на ФБИ, кои вклучуваат подобра заштита за малтретираните деца, собирање непристрасни форензички докази, нега на трауми и судска обука“.

Објавата погледнете ја тука.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This