August 14, 2020, 11:52 pm

Апасиев не планира да влегува во коалиција со Заев

Поврзано

Hа повидок образовна kaтастрофа: Шест месеци нecпособната власт не успеа да донесе ниту протоколи и платформа за онлајн работа

Факти кои го одбележаа денот според на ВМРО-ДПМНЕ 1. Се уште молк за coмнежот за испумпување на 21 милион евра...

Kои струмички кoмпaнии имале кредити без пoкpитиe во Еуростандард банка?

Пропаѓањето на Еуростандард банката е настан којшто потсетува на оние од 90-тите години. Најцрните години за македонската економија. Слушнавме...

(Видео) Унивepзaлниoт cнaбдyвaч на cтpyјa плaќa oбeзбeдyвaњe по двojнo пoвиcoки цeни од пopaнo, дали paзликaтa зaвpшyвa во џeбoвитe на влacтa?

Неколку дена има целосен молк за сомнежот за испумпање на пари од универзалниот снабдувач на струја преку струмичка компанија...
- Advertisement -

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на прес-конференција обвини за изборна кражба и најави кривични пријави против членовите на ДИК за овој, како што рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја“.

Тој рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4.

Апасиев прстот го впери во СДСМ и обвини дека партијата се обидувала да им го земе вториот пратеник.

„Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат“ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници“, рече Апасиев.

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.

Незадоволен е од изборниот модел кој, рече, ќе мора да претрпи измени зашто не може да опстои и тоа ќе биде негов прв предлог како пратеник во Собранието за промена во една изборна единица.

-Ова е шизофрен изборен модел, кој ја фалсификува волјата на граѓаните. Затоа што еден пратеник на СДС и ДПМНЕ чини седум илјади гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 илјади гласа или два и пол пати повеќе. Иронија е што Алијанса и Алтернатива, кои имаат двапати повеќе освоени гласови од нас, имаат шест пати повеќе мандати од нас“,

рече Апасиев.
На прашањето за идна коалиција, Апасиев рече дека засега немаат контакти со политички партии, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

„Сега за сега немаме контакти со никоја партија. Веројатно ќе треба да се даде мандатот, па мандатарот да не викне да преговараме, но начелно со Ес-Де-Ес нема што да преговараме“

Latest News

Меси го допpe дното: 19 3aгубени топки, трет дeбakл по ред и можна pa3делба

Лионел Меси како да се помири со немоќта на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите и целосно се...

За 2 месеца ослабела 21 кг во 61-та година од животот: Ова е „тајната состојка“ на диетата на пејачката

Популарната пејачка на народна музика Снежана Ѓуришиќ (61), која последниве години е дел од жири-комисијата на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, успеа да ослаби дури 21...

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната категорија на држави за кои...

„Нoж во гpб за сите муслимани“: Турција и Иран со оcтра реакција за мировниот договор меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

Турција и Иран денес остро го осудија регионалниот ривал на Обединетите Арапски Емирати за нејзината одлука за нормализирање на дипломатските односи со Израел и...

Колку заработува Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин заработи 133.400 долари во 2019 година, а премиерот Михаил Мишустин 249.700 долари, според официјалните податоци објавени на веб-страницата на...

More Articles Like This