АПАСИЕВ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ: На 9-ти слободарскиот народ да се избори за своето право за самоопределување

  • January 8, 2019

Без да навлегуем у теологија, као професор по Римско право, со специјалност баш од римската кривична постапка (iudicia publica) – би рекол дека Римјаните никогаш не распнуваа за богохулие. Крстот (crux) беше инструмент за спроведување капитална казна (poena capitalis). Таа им следуваше само на робовите (servi) или на ниските сиромашни класи (humiliores) и тоа за сторено политичко кривично дело од најтежок вид! Исус од Назарет беше осуден на смрт со распнување (in crucem damnare) – но, не како верски, туку како политички „БУНТУВАЧ НА НАРОДОТ“ (INRI).

А сеа коа поминаа празнициве, кај нас веќе од утре почнуваат автентичните бунтови, коо у цела цивилизирана Европа. Има најава за АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ против налудничавата операција на негирање на правото на самоопределување на еден слободарски народ (на 9-ти) и против партизираната заробена држава од криминално-клептоманската корумпирана клика (на 10-ти). Одберете си каде ќе одите и појавете се во што поголем број, оти после „Цацко ќе ви биде крив“

Претходно «
Следно »