АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ ОДЛУКИТЕ: Уште четири лица и понатаму остануваат во притвор!

  • February 22, 2018

Апелациониот суд ги потврдил одлуките на Кривичниот суд за сите осомничени за 27 април чии жалби беа вчера разгледани на јавни седници. Според тоа, во притвор и понатаму останува пратеникот Сашо Василевски, а Апелација ги одбила жалбите и на началникот во МВР Душко Лазаров, шефот на обезбедување на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, осомничениот Горан Ѓошевски и на Митко Пешов, началник на посебните и специјалните единици.

Денеска Апелација треба да ги разгледува жалбите и на пратениците Љупчо Димовски и Крсто Мукоски. Димовски се жали на одлуката за продолжување на куќниот притвор, додека Мукоски на одлуката за продолжување на ефективниот притвор.

За неколку дена пак истекуваат и триесетте дена за колку што им беше продолжен притворот на осомничените за крвавиот четврток и Обвинителството за организиран криминал ќе треба да достави нов предлог за мерки за осомничените.

Претходно «
Следно »