September 28, 2020, 3:52 pm

АПЕЛАЦИЈА НАЈДИРЕКТНО ГО КРШИ ЗАКОНОТ ЗА КРВИЧНА ПОСТАПКА: Политичките притисоци од СДС и Заев го паднаа Апелација на колена

Поврзано

Христијан Мицкоски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците...

„Четвртиот пакет мерки е обид за дефокусирање – мафијата побогата, народот посиромашен“, рече Мицкоски

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ новиот четврт по ред пакет мерки за справување со последниците од коронавирусот се само дефокусирање, а...

Мицкоски закажа прес-конференција во 14 часот во партиското седиште

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 14 часот ќе се обрати на прес-конференција во партиското седиште.
- Advertisement -

Судиите од Апелациониот суд со донесување на противзаконската одлука за прифаќање на прислушуваните и незаконски прибавени материјали како докази во судска постапка, направија тотално дерогирање на постоечките закони и рушење на функционалноста целокупниот правен систем во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-Апелациониот суд падна на првиот тестот на својата кредибилност, непристрасност и самостојност во донесувањето на одлуките, со што се направи непроценлива штета на правосудниот и судски поредок во Република Македонија. Судиите потклекнаа под политичките притисоци кои континуирано ги правеше СДС и Зоран Заев во изминатиот период и се ставија директно  во полза на режимот на Зоран Заев, кој има за цел пресметка и прогон на политичките неистомисленици, за да се создаде бришан простор за спроведување на антидржавните политики и спроведување нечии туѓи агенди. Оние кои според законот и уставот треба да го надоградуваат правниот систем, треба доследно да ги применуваат законите, да бидат личности со интегритет и да не подлегнуваат под политички притисоци, го направија токму спротивното. Со скандалозната одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели јасно и концизно дека: „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“, истакна Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Судската одлука, додаде тој, претставува правен преседан во Република Македонија и треба да биде вештачка магла која ќе ги дефокусира граѓаните од вистинските проблемите, ќе ги дефокусиираат граѓаните од трајно вдомување на 200.000 бегалци во државата, ќе направи дефокус од подобрување на животниот стандард на граѓаните и од ветената плата од 500 евра, ќе ги дефокусира луѓето од  зголемување на даноците, што индиректно значи и помалку работни места и помали плати за работниците, како ќе им го одземе на вниманието на граѓаните од законот за двојазична Македонија.

-Воведувањето на нова судска пракса со оваа скандалозна одлука, ќе внесе правна несигурност кај граѓаните, ќе внесе чувство дека во една парламентарна демократија е возможен политички прогон во секое време на било кој, ако некој политички моќник реши да се пресмета со своите неистомисленици. Со оваа одлука од Апелациониот суд се прави директна штета на судскиот систем и се поткопуваат темелите на правосудството во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека во Република Македонија мора да се почитуваат законите и правните начела и принципи, затоа што оваа нема да трае долго. СДС со ваков начин на практицирање и злоупотреба на полугите на власта, нема уште долго да ја додржат оваа позиција. Граѓаните ги препознаа манипулациите и неискрениот однос на Заев и СДС. На локалните избори СДС ќе доживее голем пораз. Секој оној кој работи против законот за да му се допадне  и додвори на Заев, ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки, подвлече Јовановски.

1 коментар

Latest News

Зaпален автомобил во Скопје

На 27.09.2020 околу 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ настанал пожap во патничко возило...

Вирусот мутира, не помагаат ни маските ни дистанцата

Научниците во Хјустон објавија студија за над 5.000 генетски секвеенци од коронавирусот, која открила непрекинато ширење на мутации од вирусот, од кои една можеби...

Вработен во МВР удpил во два мопеди со службено возило, повpeдeни две лица

На 27.09.2020 во 13.15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44)...

Златев пред првото рочиште за оддавање службена тајна: Јавниот интерес е поважен од било која класификација

Новинарот и уредник на „Лидер“, Љупчо Златев пред утрешното прво рочиште во судскиот процес за оддавање на службена тајна се огласи на „Фејсбук“ Самиот процес...

АЛАРМАНТНО: Четири дечиња од градинки во Карпош, Аеродром и Ѓорче заболени со коронавирус, се заразиле од родителите

Кај четири деца до пет годишна возраст кои одат во градинка потврден е корона вирус. Извор на заразата е семејството кај сите четири деца. Тестот...

More Articles Like This