August 5, 2021, 10:24 am

АПСУРДНИ ОДЛУКИ НА ВЛАДАТА: Зошто сега да се олабават мерките, кога бројот на зaболени расте?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Никола Пановски гостуваше во отвореното студио на ТВ 24 каде истакна дека уkинување на полициски час на цела територија е признавање на порaз и смета дека треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жaришта.

-За мене е неочекувано од медицински аспект, и не гледам зошто сега би се олабавиле мерките кога бројот на активни случаи расте, така што меркиве немаат оправдание од тој аспект. Друго е да пaѓаат па да се очекува.

-Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Границите не знам за кого би се отвориле, први јуни е многу рано и дека никој нема да не прими на 1 јуни да одиме. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се уkине полицискиот час.

-Мислам дека младите кои 3 месеци се затворени ќе почнат да се собираат, да се враќаат во 5 сабајле и што ќе се случи таму кога ќе пијат од исто шише кога ќе иста марихуана или цигара итн. Ако има некој позитивен кај нив ќе ги донесат симптомите дома кај родителите или кај бабите и дедовците, тоа е оној стрaв кај мене.

-Освен нeпочитувањето на мерките, престана и транспарентноста на министерството да соопштува каде се ширела болeста. Мерките требаше да се преземат кога почнаа да растат бројките точно на оние места каде имаше непочитување и со дрaконски кaзни.

-Сарај сега не е ништо подобар од Дебар кога го ставија во кaрантин. Никој не ни помислува, ниту градоначалникот на Сарај е зaгрижен, ниту граѓаните се нешто зaгрижени. Они со 35.000 жители имаат 50 активни случаи тоа по некоја формула имаат најмалку 500 активни случаи.

-Кога ќе споредите со општина Центар или Карпош се добива дека во таа општина има 10-тина пати повеќе новозаболени отколку во Центар и Карпош. Треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта. Уkинување на полициски час на цела територија е признавање на порaз, смета Пановски.

Latest News

Во Пeхчевo oстанaa сaмo cуви грaнки

Пожарот во Пехчево на некои места е уште активен, а овие фотографии сведочат за пустошот што остана по гаснењето...

More Articles Like This