October 20, 2021, 8:53 pm

Арачиновци не плаќаат данок, ама можат да добијат 554.000 евра за инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општините во Македонија ќе може да добијат од 500.000 до 2 милиони евра за реконструкција и санација на локалните улици и патишта. За оваа намена се обезбедени 70 милиони евра, а проектот се релизира со помош на Светска банка.

Секоја општина со проектна документација може да аплицира за пари за реконструкција и санација на локалните патишта, а кај оние што аплицирале во првата фаза, работите на терен треба да почнат на крајот од месецов.

Со овој проект се обезбедуваат подобри услови за живеење, локален економски развој, подобра комуникација меѓу граѓаните и побезбеден сообрачај – информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Паричниот износ што може да го добие секоја општина зависи од нејзината големина, бројот на населението, бројот на возилата, односно според прецизно утврдена методологија.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали и колку пари може да добие Арачиново и покрај тоа што таму, како што се обелодени, има нула наплата на данок на имот, министерот Бочварски изјави дека според таа методологија и на оваа општина и следуваат 554.000 евра.

Ова е износот што следува отако Општината Арачиново ќе достави проектна документација. Еве јас ја користам можноста да апелирам до граѓаните да плаќаат данок, затоа што колку има поголема наплата, толку и подобра инфраструктура ќе имаат. Но, и во Арачиново живеат луѓе и заслужуваат добри улици и нив им следуваат пари во рамките на овој проект – изјави Бочварски.

Тој потенцира дека е објавен втор повик за градежни работи за подобрување на инфраструктурата во општините согласно нивните изработени проекти. Во втората фаза се опфатени 21 општина и Градот Скопје кои до Министерството за транспорт и врски доставиле комплетна техничка документација. Опфатени се 35 патишта со вкупна должина од 35,5 километри и со проценета вредност од околу 7 милиони евра.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за наплата на данок за имот за 2017, 2018 и 2019 година покажа дека Општина Арачиново е единствената општина која воопшто не наплаќа данок за имот. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, особено поради одлуката на Владата на 11 декември 2020 година да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.

Latest News

Митовски: Oбвинитeлcтвoтo ги бapa cвиpкaчитe кoи oбjaвиja зa пpeдизбopниoт пoтkyп oд Bлaдaтa

Во вечерашната емисија на ТВ Сонце гостуваше уредникот на Инфомакс Александар Митовски кој истакна дека Обвинителството ги бара...

More Articles Like This