December 9, 2021, 8:18 am

Арсовска на средба со претставници од движењето Полио Плус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставниците од движењето Полио Плус. На средбата, како што информира прес – службата на Арсовска, тие дискутирале за секојдневните пречки и предизвици со кои се соочуваат лицата со каков било хендикеп.
Претставниците на Полио Плус ја истакнале маргинализираноста на лицата со хендикеп, а како резултат на тоа и потребата од поголема инклузивност во градските процеси.
– Беше задоволство да се разговара за теми кои се навистина важни. Во период до сега и отсега, она што го имаме како заедничка заложба е да се овозможи правата кои ги имаат лицата со хендикеп да бидат практикувани во целост и на тоа треба да биде посветена локалната самоуправа. Едноставно, да има отворен и еднаков пристап кон сите лица и треба да се овозможи на секој еден човек да го живее животот онака како што заслужува. Верувам дека со заедничка посветеност ќе успееме во оваа наша мисија да имаме еднакви права и можности за градење поубав живот во нашиот град, истакна Арсовска.
Како заклучок од средбата, како што информира прес – службата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, произлегло ветување и поддршка за конкретни чекори за поголема и поинтензивна соработка со градските служби за унапредување на правата на лицата со каква било попреченост.

Latest News

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат...

More Articles Like This