АРСОВСКИ ДО ПАВЛЕ: Ако го начекате во некоја кафана пајче кажете му дека ќе одговараат!

  • January 15, 2019

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го потсети пратеникот на СДСМ кој своевремено беше дел од шарената револуција на предизборните лаги и манипулации во однос на Законот за двојазичност кој денеска беше објавен во Службен весник и уставните измени кои пред четри дена спротивно на волјата на граѓаните ги спроведе Зоран Заев. Богоевски во повеќе наврати ветуваше и истакнуваше дека нема да има двојазичност, односно двојазични униформи и банкноти, нешто што во овие моменти станува реалност во Македонија. Истиот тој Богоевски ветуваше дека нема да има ниту промена на Уставот кој пред само четри дена беше променет. Богоевски гласаше и за уставните измени и за Законот за двојазичност, Арсовски му порача ќе одговарате! 

-Ако го начекате во некоја кафана пајче покажете му го ова. Кажете му дека само за една работа е во право, а тоа е дека ќе одговараат, напиша Арсовски на Твитер.

 

Претходно «
Следно »