АРСОВСКИ: СДС врши политички прогон врз неистомислениците

Поврзано

Боки 13 пoднeсe уште 30 кpивични пpијaви против функционери на влacтa, следуваат уште повеќе

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото...

Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години

Носителот на листа на изборна единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска е во посета на...

СДС започна со спроведување на брутална партизација на државата.  Она што Зоран Заев претходно го најавуваше, сега се спроведува: бркање од работа на политичките неистомисленици и вработување на  војници партиски послушници без оглед на нивната стручност, изјави на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев најави дека ќе владее со бркања од работа на луѓето кои тој ги смета за неподобни и со вработување на партиски послушници од чистачка до министер.

Пратеници на СДС јавно говореа дека Членската книшка во Македонија ќе стане втора лична карта без која граѓаните нема да може да се вработат во јавниот сектор ниту пак да се надеваат на некоја редовна услуга која им следува по Устав и Закон.

1.500 луѓе беа сменети од надзорните и управните одбори во еден ден со што се парализираа бројни јавни претпријатија и  институции. На Заев и СДС не им е важно воопшто  што поради ова во моментов Фондот за здравство не може да носи одлуки за лекување на нивните осигуреници во странство. Нив не им е важно што поради нивната агенда за приватизирање на државата животот на граѓаните се доведува во опасност.

Сменети се успешни директори кои воделе наградувани институции, само затоа што Заев и СДС донеле лична неточна и скандалозна проценка дека директорите биле под контрола на Никола Груевски.

Ваквиот политички прогон врз неистомислениците со фашизоидна реторика се врши се со цел СДС да ја претвори партијата во држава, а државата во партија.

Тоа ќе го платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници.

СДС за сметка на тоа си ги вработи во државната администрација сите оние кои одработуваа за нив. Такви се: Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Бранимир Јовановиќ, Влатко Васиљ, Дарко Лешоски и многу други.

Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец и пол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести