Арсовски: Ќе одговарате за ова, пpeсудата за 27 април е нeocнована и политички мотивирана

Додека е Зоран Заев на власт, до тогаш правдата нема да живее во Република Македонија.

Денешната одлука на судот е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја руши демократијата во државата.

Дополнително, додека политичките непријатели се казнуваат со неосновани пресуди, како што е случајот денес, власта на Заев ја дефокусира јавноста од сопствените криминали и корупција во која до гуша се заглавени функционерите на СДСМ и ДУИ.

Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие кој што според вештачењето се докажа дека воопшто и не бил присутен на местото за кое што сведочи.

Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот „Рекет“ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен.

Ваквиот нарачан исказ врз основа на кој се темели пресудата само покажува дека еден ист центар на моќ ги диктира не само сведоштвата, туку и обвиненијата и пресудите. Оваа одлука на судот покажува дека во Македонија правосудство и суд не постојат, туку тоа е само обичен нотаријат во кој се верификуваат обвиненија базирани на нарачки.

Почитувани,

Судиите и обвинителите кои му слугуваат на Заев треба да знаат дека брзо ќе дојде време кога ќе треба да дадат одговор за сите вакви одлуки.

Што повеќе да се говори за правосудство во Македонија и правда кога на чело на Судскиот совет се именуваат лица од кабинети на политичари, без грам судско искуство кои на таа позиција дошле по партиски диктат. Еклатантен пример за тоа е Павлина Црвенковска, претседателот на Судскиот Совет која дојде на таа позиција откако порано извршуваше функција шеф на кабинет на премиер и владин функционер на политичка влада на СДСМ. Исто е и со последниот пример со советничката на Заев, која истовремено е финансиер на СДСМ и владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, и сето ова е само потврда за она кое што го говориме.

Нејзиниот предлог за наводен независен експерт за член на Судскиот совет покажува дека во Македонија нема правосудство, туку има партиско судство. Судскиот совет е тој кој именува и разрешува судии, а гледаме дека од таа позиција може и да влијае на нивната работа и нивните пресуди.

Видеото можете да го погледнете тука.