(Архива)МУХАМЕД ЗЕКИРИ BMEШAH ВО ШBEPЦ СО MИГPAHTИ: Пpитвopeниот советник од Шуто Оризари швepцaл мигранти, вмeшан и Мухамед Зекири?

Неодамна уапсениот советник во општина Шуто Оризари, Суат Мемеди, бил опфатен и со дополнителна полициска истрага за криумчарење мигранти која под неразјаснети околности е стопирана откако првичните податоци од истрагата утврдиле дека цело време додека Мемеди ги координирал криминалните активности бил во друштво на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири како и на лица од кабинетот на Спасовски но и од други безбедносни институции

Суат Мемеди подолг период пред, а особено по доаѓањето на СДСМ на власт, се занимавал со криумчарење на мигранти од Гевгелија до Табановце со користење на луксузни Ауди А8 4.2 возила. За оваа цел тој ангажирал возачи по потекло од село Блаце на границата со Косово и неколку логистичари кои долж автопатот е75 на повеќе точки, кои се детектирани, поставиле бежични камери со СИМ картички кои го мониторитале движењето на автопатната полиција како и на мешаните патроли од странски полиции околу Демир Капија и граничниот премин Богородица.

Логистичарите имале задача да ги одржуваат камерите во смисла редовно полнење на батериите, надополнување на СИМ картичките и слично. По дојава од лица вработени во МВР и останати безбедносни институции за детали за присуство и движење на безбедносните органи, Мемеди, а во повеќе наврати и Мухамед Зекири седнувале во едно од кафулињата под плоштадот Скендербег во Скопје и на 2 лаптопа вршеле мониторинг на движењето на возилата Ауди А8 долж автопатот е75.

Во возилата обично се наоѓале и по 8 до 10 мигранти кои биле пренесувани до Кумановските села во близина на границата со Србија. Со оглед дека Мемеди чувствувал заштита што покрај себе го имал Зекири, за кого сработил активности во изборните кампањи 2016 и особено 2017 истиот почнал да се однесува невнимателно низ улиците на Чаир. Иако тимот задолжен за истрагата за поткупот ја завршил својата работа, сепак екипата која го идентификувала како носител на криумчарските активности со мигранти сепак морала да се откаже од понатамошно гонење токму поради директната инволвираност и запознаетост на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекити со криминалните активности на својот долгогодишен пријател Суат Мемеди.


Сепак останува поразителен фактот што токму партиските пријатели на Зекири во безбедносните институциите кои ги вдоми на високи места истекле на криминалната група податоци за вообичаените точки на контрола на автопатната полиција, и мешаните странски патроли како и нивно нелегалнк снимање со цел контрола на нивното движење долж автопатот и тоа во двата правци, бидејќи камерите биле поставени и кон север и кон југ на дискретни места околу сообраќајни знаци, настрешници, билборди итн.

Дали ако партискиот комфорт и финансиската корист ја турнала нивната професионалност во оваа област, каква ли ќе биде нивната реакција при посложен безбедносен предизвик додека се наоѓаат во менаџметот на безбедноста? Ќе реагира ли полицијата на дојавите дека Мемеди делел лихва, а како благодарност за заштитата му подарил скапо БМВ-7 на Мухамед Зекири?