December 3, 2020, 9:40 pm

Аспекти на Гоце Делчев

Поврзано

KOBИД ПОЛИТИKAHСТВО ИЛИ БOPБА СО ПAHДEMИJATA?!

Поразителни се бројките на заболени и починати од COVID-19 во Македонија, што укажува на нефункционалност на системот и неорганизираност...

Toдopживковисти ја тpyjат бугapcката дyшa co хитлepизaм

Бугарска доктрина и стратегија против Македонија и Македонците(2) Бугарската денешна “заедница на господари“ (забегана државно-политичка елита) и на политичко, и...

Бугapcкиот мeгa-eтникyм ja нaпaѓa Maкедонија

Бугарска доктрина и стратегија против Македонија и Македонците(1) “Македонизмот е престап против човештвото“ Божидар Димитров, бугарски министар, 2009-2011 Историјата е учителка на...
- Advertisement -

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЈУНАК ИЛИ РЕВОЛУЦИОНЕР И ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА БУГАРИЈА, како што бедно и компромисерски се обидуваат да поентираат нашите политички мудреци. Зошто е така?

Прво, тоа не е можно бидејќи интересите на двата народа биле со векови длабоко конфронтирани. Гледаме дека и денес е така. Едното е контра другото и не одат заедно.

Второ, Бугарското присвојување на се’ македонско е општо познато и жестоко продолжува.

Трето, сосема разбирливо, Гоце Делчев им е во фокусот на интересот бидејќи е меѓникот на сите бугарски фантазмагории во однос на Македонија. Делчев бил симболот на македонизмот и Софија, претендирајќи дека е Бугарин, смета дека најлесно ќе докаже дека ние сме “Бугари“ бидејќи тој се борел за бугарска Македонија.

Четврто, Бугарија често подметнувала лажни извештаи дека сите заложби за некаква автономна или самостојна, се само етапа или начин за враќање на Македонија во нејзините прегратки. Демек, така било најлесно да се добијат територијата и народот. Во тие измами, одлично им се вклопувал и Делчев. Паралелно, со тоа ја прикривале и камуфлирале борбата на Македонците.

Петто, било какво наше прифаќање на  ултиматуми за бугарскиот националниот идентитет на Гоце, ќе значи и директно согласување со нивните небулози дека се’ до Втората светска војна сме биле Бугари а потоа Тито “решил“ дека сме Македонци, за да не оддалечи од нив.

Шесто, Софија не смее да дозволи дека Делчев не бил Бугарин бидејќи другата опција е дека бил Македонец. Трето нема, а тоа е апсолутно неприфатливо за нив.

Седмо, ако Делчев навистина бил Бугарин, има три можни верзии. Првата е дека тој бил предавник на сопствениот народ бидејќи неспорно се борел за слободна и независна Македонија.

Втората е дека сите негови изјави и дела околу Македонија и Македонците биле тешка измама бидејќи работел за бугарските средновековни аспирации и сакал да ги бугаризира  Македонците. За да ги заведе, лажел дека е Македонец и дека е посветен на нивната кауза. Ова е, сепак, предалеку од умот.

Третата верзија е “попристојна“. Како Бугарин, тој искрено се борел за Македонија како правдољубив човек кој бил свесен дека Македонците се обесправени и сакал да им помогне. Во тој случај, меѓутоа, Софија ќе мора да прифати дека имало Македонци. Ова се само празни хипотези бидејќи сите знаеме дека Гоце бил чист  Македонец. Зошто инаку би сакал тука да биде погребан?

Без да одиме во крајности, да заклучиме: во дадените услови, нашата комисија треба веднаш и безусловно да побара Делчев да се тргне од темите за кои се разговара. Поводот е доволен – Софија поставува ултиматум околу него и во такви услови нема простор за никакви стручни дебати. Наш предлог треба да биде да си остане се’ како и до сега бидејќи поинаков меѓусебен договор не е возможен. Право е на Бугарија да го чествува Делчев како сака и колку сака а истото мора да важи и за нас. Ќе остане надежта дека, еден убав ден, Софија ќе ја прифати вистината. Само така ќе ги отвори вратите за вистинско пријателство, кое природно им припаѓа на двата народа. На такво нешто долго ќе се чека, ако воопшто некогаш и се дочека. Во меѓувреме, ние мора адекватно да се однесуваме а не да изигруваме (политички!) кловнови.

Во моментов, значајно прашање на кое мора да се бара издржан, а не шарлатански одговор од Бугарија е следното: ако Тито навистина не измислил нас, Македонците од Вардарска, што се случило во Пиринска кај нив, кога се појавила фатаморгана со стотици илјади Македонци? Кој ги измислил нив? Георги Димитров? Или, зошто денес има дури 13 пресуди на Европскиот суд за човекови права против Бугарија, поради нејзиното геноцидно однесување кон Македонците? Дали можеби духовите на Тито и Димитров нешто плеткаат во судот? Од каде малцинство кај нив кога Македонци нема ни кај нас?

Нашата страна во овој галиматијас со Бугарија мора да биде свесна дека во сите меѓународни односи, преговори и слично, основно правило е максималните свои очекувања да ги претставиш како минимални. За разлика од нас, кога покажуваме спремност за срамни компромиси, Бугарија тоа перфектно го прави. Така, ем си го зголемуваат сопствениот, ем ни го стеснуваат нашиот маневарски простор. На таков начин, Софија го третира и нашиот јазик. Целта е тој да биде целосно девалвиран со објаснување, поточно опашка, дека е – “според Уставот на земјата“. Тоа директно ќе потврдува дека е нечии дијалект. Во светот нема друг јазик кој произлегува од некаков документ. Нашиот би бил единствен. Измислен. Софија е свесна дека и таа формулација тешко ќе помине и затоа оди со бесмислено барање на целосно негирање на македонскиот јазик за, на крајот, да биде “великодушна“ и да “дозволи“ дека тој е уставна и менлива категорија. САД и ЕУ ќе аплаудираат, а ние ќе треба да бидеме пресреќни. А тоа би била историска катастрофа за Македонија. Нашите мудреци, два пати веќе ја користеа оваа навредлива и понижувачка формулација а тоа е преседан кој обврзува во дипломатијата. Мораме да се избориме дека е тоа направено под притисок и со добронамерни цели ама дека истата може да се користи само билатерално со Софија. Ако не успееме во тоа, последиците ќе бидат несогледливи.

Не е познато дали нашите историчари од комисијата им ставиле до знаење на Бугарите дека е неприфатливо тие да го слават 3 март како национален празник. Објаснувањето е дека на тој ден била ослободена Бугарија ама тоа не е точно – тој датум го симболизира потпишувањето на Сан Стефанскиот договор, со кој е создадена Голема Бугарија, во која влегувала цела Македонија, освен Солун со Халкидики, Корча (Албанија), Пирот и Врање до долината на Морава (Србија). Клучно е што овој договор никогаш не заживеал бидејќи не бил спроведен. По три месеци, тој бил поништен на Берлинскиот конгрес и тој датум е бесмислен. Славејќи го 3 март, Бугарија официјално го промовира Сан Стефано и покажува отворени аспирации кон Македонија. Тој датум го прогласиле за државен празник и национален ден во 1990 година, при распадот на Југославија, што секако не е случајно. Неговото одбележување е од 1978 година, што исто така покажува дека е во прашање големо бугарска политичка одлука.

Тешки времиња не чекаат. Договорите во Брисел, околу преговарачката рамка за Македонија, треба да завршат на 10 ноември. Без тоа, нема меѓу владина конференција во  декември. Бугарија постави неприфатливи услови за да го оневозможи тоа. Дали Софија ќе попушти под притисокот на Берлин, тешко е да се оцени. Таа не си остави простор за никакви дилеми и ако се повлече, ќе доживее тежок политички пораз. Тие се свесни дека преговорите за членство се моментот кога треба и мора да се разбие македонизмот. Ако не успеат, втора шанса нема да имаат. Затоа, ќе одат до крај, најверојатно игнорирајќи го дури и притисокот на Германија. За нив, ова е да се биде или не. Со влезот во ЕУ, македонизмот дефинитивно ќе се етаблира на меѓународната сцена. ЕУ е оперативна организација, за нас многу поважна од ООН. И во Брисел ќе бидеме маргинални ама често ќе бидеме во фокусот на настаните и ќе имаме корист, што ќе не афирмира како народ. Ако тоа се случи, Бугарија ќе ја загуби двовековната борба и нивниот историски синдром околу Македонците ќе испадне лажен. Токму затоа, на Македонија и е објавена војна. Ако адекватно не се реагира и одговори, тоа неизбежно ќе доведе до наш катастрофален пораз.

Народот не смее да биде замаен со изјавите на политичките лидери од власта, кои се обидуваат да ги минимизираат бугарските глупирања, дека национален идентитет и јазици меѓународно не се признаваат. Тоа е точно ама нашиот случај не е таков. Ние не бараме признавање на нашиот национален идентитет или на македонскиот јазик од било кого. Проблемот е што Бугарија и Грција нив ги игнорираат и отворено сметаат дека не постојат ниту Македонците како народ, ниту нивниот јазик.

Факт е дека во историите на балканските народи многу работи се измешани. Основната причина е што сите биле пет века дел од отоманската империја (што не значи дека за се’ се виновни Турците!). Позната е исто така и констатацијата дека регионот произведувал повеќе историја отколку што локално можело да се проголта. Таков бил Балканот – на крстопат, каде се среќавале или транзитирале разни (веле)сили. Случајот меѓу Македонците и Бугарите, пак, бил најспецифичен повторно поради повеќе причини. Главната е што Македонците беа секогаш базата на големобугарските амбиции кои формално ги реализирале по потпишувањето на Сан Стефанскиот договор и практично за време на бугарската фашистичка окупација на Македонија. Голем хендикеп е фактот што Македонците последни создадоа своја држава и поради тоа голем дел од нивните првенци долго живееја и твореа токму во Бугарија. Привлечени од јазикот, Софија им даваше погодности ама со задни намери: тие да се побугарчат.

Неспорно е дека дел од историите на сите балкански земји е заеднички. Меѓутоа, само дел. Во никој случај не може да се зборува за некаква заедничка историја меѓу кои било две земји, вклучувајќи ги тука и Македонија и Бугарија. Во светот нема два народа што имаат иста историја, ниту е можен таков случај. Или се два народа, со различна историја, или се еден народ, со иста. Токму затоа Софија инсистира на заедничката, за да го докаже недокажливото. Нашиот проблем е што македонските мудреци потпишаа договор во кој прифатија дека историјата со Бугарија ни е заедничка. Со тој потег се избришани клучните интереси на македонскиот народ.

Смешно е, пак, кога Бугарите велат дека Македонија е најромантичниот дел од нивната историја. Зарем забораваат дека токму заради Македонија доживееја тежок национален и историски срам кога беа дел од најстрашната светска чума – фашизмот? Ако е тоа за нив некаква романтика, Господ нека ги чува.

Ристо Никовски

Октомври, 2020

Latest News

Шведска koнтра СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечки здравствен службеник во оваа скандинавска земја...

(Видео) Го иcклyчивмe Љyбчо од ВМРО-ДПМНЕ поради пpoруските и пpoбугарските ставови

Во однос на Договорот со Бугарија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја потсети јавноста дека партијата го исклучи Љубчо Георгиевски поради неговата идеолошка определба...

Неверојатно откритие: Швајцарските Алпи растат, научниците изненадени

Швајцарските Алпи минуваат низ фаза на раст, според новата студија која открива дека дел од планинскиот венец се зголемува побрзо отколку што еродира. Откритието е...

(Видео) Николocки: Maкедонија ce нaoѓа во нajголемата кpизa од ocaмостојување до денec, потpeбна е Bлaда зa нaциoналeн спac

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс истакна дека Република Македонија се наоѓа во најголемата криза од...

Диего Марадона има потекло од Бaлканот

Помина една недела откако почина Диего Армандо Марадона. Во овој период беа раскажани многу приказни, практично да немаше човек од светот на спортот, а...

More Articles Like This