АФРИКАНСКИОТ БРАН ЛОШО ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО:Мачнини и главоболки, можна е и појава на несоница и поспаност

Поврзано

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: До крајот на неделава се очекува времето да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка четири литри на метар квадратен, еден во Тетово, Скопје-Зајчев...

Времето денеска, променливо облачно и посвежо

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд,...

Сончево време со мала облачност, попладне дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има...

Топлиот бран кој ќе пробие кај нас во текот на новата недела која што ни следува и почнува од утре ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат рано – летни, особено од вторник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во најтоплите региони од државава пак истите се очекува да се искачат и до 25 степени, пишува метеорологот Славчо Поповски.


Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево повремено со умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, токму поради ваквото јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.

До крајот на денешниот ден пак има услови само за слаб локален и краткотраен дожд.

Биометеоролошките прилики во Македонија поради овој невообичаен топол бран ќе бидат релативно неповолни, па така кај метеопатите е можна појава на главоболка како и повремена нервоза, можна е и појава на несоница и поспаност како и тежина на главата и телото, исто така поради зголемената влажност во воздухот има услови и за појава и на спарина.

Месец март како во најголем дел од Европскиот Континент, па така и кај нас ќе биде потопол од вообичаеното, и покрај ова секако дека и понатаму има услови од северот и североистокот на Европа кон нашиот дел да се спуштат студени бранови кој би условувале зимски температури.

Актуелно

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

Повеќе вести