November 30, 2021, 11:11 pm

Ахмети најави: Можна е коалција ДУИ-СДСМ за локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 истакна дека на локалните избори е можна коалиција со СДСМ.

На прашање на ТВ21, дали ДУИ ќе настапи сама, или во коалиција со СДСМ на локалните избори, Ахмети одговори дека соработката меѓу двете партии е одлична, и дека треба да се размисли за коалиција на престојните локални избори.

Не знам, треба да видиме какви се интересите. Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните 4 години, односно од кога ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници, рече Ахмети.

Latest News

Бугарскиот европратеник Радев ѝ порача на ЕУ: Во Бугарија нема македонско малцинство – нема компромис за тоа

Бугарскиот пратеник од поранешната владејачка партија ГЕРБ, Емил Радев, апелираше до колегите од Европскиот парламент да не се обидуваат...

More Articles Like This