АХМЕТИ ПОПЛАДНЕВО ГО СВИКА ЦЕНТРАЛНОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО: Ќе расправа за преговорите со СДСМ

  • February 22, 2017

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за денеска попладне во 17.30 часот го свика Централното претседателство на партијата на кое ќе се расправа за преговорите со СДСМ, за пакетот за кој се преговара, како и за синоќешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврдуваат извори од ДУИ.

mkd-305141

Со оглед дека преговарачките тимови од двете партии сѐ уште работат на отворените прашања од законот за употреба на албанскиот јазик, можно е тие да не се затворат до почетокот на Централното претседателство, па не се исклучува тие преговори да продолжат паралелно со состанокот на претседателството на партијата.

Централното претседателство беше најавено синоќа по средбата на Ахмети со Заев, на која што, како што рекоа двајцата, биле надминати поголем дел од разликите, но има уште отворени прашања.

Претходно «
Следно »