December 9, 2021, 8:47 am

Ахмети: Треба да се мобилизираме и да не дозволиме ВМРО да победи во Гостивар и Кичево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на политичката партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети на предизборен собир во гостиварско Чегране побара членството и граѓаните да се мобилизираат за вториот круг и да го поддржат кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта. Тој имаше кусо обраќање во кое напомена дека се блиску до победа.
– Ако не бевме блиску до победа, немаше да дојдам вечерва пред вас. Не сакам да загубиме во Гостивар од ВМРО или во Кичево. Ги молам чегранци да се мобилизираат и да не дозволиме ВМРО да победи, рече Ахмети.
На собирот, тој потсети накусо што во изминативе дваесет години откако е во извршната власт било направено и потенцира дека претстојат важни проекти како Коридорот 8, железничката траса за кои како што рече потребна е и политичка поддршка од локалните самоуправи.
– Сега отворивме ново поглавје како ДУИ и на Гостивар му треба достоен лидер. Се разбира, на многу проекти им е потребна политичка поддршка од општините. Погледнете наназад и видете кои бевме пред 20 години. Ни требаат и општините да го придвижат процесот напред. Благодарен сум ви за досегашните победи, а жал ми е за другите, тие кои немаат капацитет и да ни бидат достојни противници за да „влеземе во ринг, подвлече Ахмети.
Тој побара од жителите на Чегране да му кажат отворено и лично, зошто во оваа средина оствариле лош изборен резултат и каде е грешката доколку има.
Ахмети најави дека повторно ќе дојде во Чегране, бидејќи како што рече, во селото имало семејна трагедија и побара собирот да помине само со неговото обраќање.

Latest News

(Видео) Драма во турскиот Парламент: Расправата за буџетот заврши со тепачка меѓу пратениците

За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на...

More Articles Like This