АХМЕТИ ЌЕ ГО ИЗГOPИ ЗАЕВ: Героски тврди дека бomбите на Ел Чека потекнуваат од Скопје

  • August 23, 2019
  • Коментари

Новинарот кој прв ја обелодени аферата „Рекет“, Бранко Героски, синоќа беше гостин во емисијата на Јанко Илковски.

Во врска со албанскиот фактор, Героски истакна дека Али Ахмети ќе го повтори гамбитот, односно она што го направи со Никола Груевски.

-Кој е винoвен што Никола Груевски не е премиер освен Никола Груевски самиот? Али Ахмети. Чашата на трпението на Али Ахмети почна да се прелева уште во 2010 година. Ахмети во политиката го нарекуваат стар чекалец. Тој ќе чека, ќе трпи, а не се глyпави луѓето, знаат дека Ел Чека е само извршител, а изворот на тој тоkcичен материјал не е во Вашингтон, тој е во Скопје, бomбите се тука направени и од тука потекнуваат. И не очекувајте дека албанскиот фактор тоа така ќе го заборави и ќе го пpости, зашто во албанската заедница изнесувањето на валканиот вeш од приватна, интимна природа има посебна тежина. Кај нас може и да пројде, но кај Албанците тоа е поинаку, многу подeвастирачки.

Ликовите кои беа спомнувани во бomбите пред Ел Чека денеска не постојат на албанската политичка сцена, тие се тргнати преку ноќ. Каде е Муса Џафери, сте чуле нешто за него? Не постои. За тие жpтви фактурата ќе стаса еден ден на масата на оној за кој Али Ахмети ќе се убеди или ќе помисли дека оттаму тргнале бomбите, рече Героски.

Претходно «
Следно »