November 28, 2021, 9:07 am

А, да збориме малку за Кипарските сметки на Чифлиганец…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве во ситуација на целосна безидејност во делот на негативна кампања за време на изборната кампања, медиумите под контрола на власта или оние кои се под нејзино доминантно влијание како и дел од институциите на власта се обидуваат да дефокусираат со пласирање лаги околу Груевски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ или бизнисмени како Орце Камчев.

Прво тргнаа од тоа дека азилот на Груевски истекува односно треба да се преиспита согласно унгарскиот закон токму сега деновиве пред или неколку дена по изборите. Мала е веројатноста дека ненамерно згрешиле бидејќи е лесно проверливо со обично кликање на интернет кога Груевски пристигнал во Унгарија и кога го добил политичкиот азил, а тоа е во втората половина на ноември.

Второ, со обзир дека околностите во Македонија заради кои го доби политичкиот азил воопшто не се променети, сосема е извесно дека тригодишното преиспитување на азилот само би го потврдило тоа.

Имено, прогонот против Груевски не само што не е запрен, туку е засилен, продлабочена и неколкукратно поголем, со отворање нови постапки против него кои обвинителите и судиите ги водат како да се на иста страна, што всушност и се, бидејќи и едните и другите се под директна контрола на Заев и СДСМ и ги исполнуваат неговите нарачки, од отворање на истрага па до пресуда.

Тоа се гледа и од последниот фабрикуван предмет против него, во кој обвинителката Лиле Стефанова со сите сили борејќи се да му помогне на Заев во кампањата а во очигледен договор со судијата кој чека унапредување ги истемпирала рочиштата пред првиот и вториот круг на изборите и лиферува лаги за кои е свесна дека нема матерјални докази и единствен начин да се покрие е да изнуди лажни изјави од неколку уценети сведоци фатени во криминал, кои за да ја избегнат заслужената казна затвор или за да поминат со лесно, прифатиле да бидат нејзини и на Заев инструменти во овој процес и во секој друг процес каде ќе им побараат и да кажат се што ќе биде побарано од ни против други лица вклучувајќи ги Груевски и Камчев. На тој начин од своите криминали планираат да се спасуваат биснисменотАлек Тера Нова, Мартин Протогер и веројатно уште некој, кој Стефанова со активна помош и работа на овие двајца работи да ги придобие. Овие двајца пак заслепени дека се вака ќе остане како сега, спремни се да направат се за да се спасуваат а Протогер и чекор повеќе со доближување и вовлекување на Зоран Заев и станување негов соработник и подржувач.

Приказната на Стефанова дека Груевски планирал да гради голема куќа на Водно ама не почнал да ја гради, со дадени некакви скици на контролираните медиуми не само што не им поминува меѓу народот, туку наидува на подсмев и гнев, кој народ освен што е крајно разочаран од власта се прашува како тоа Лиле Стефанова за која антикорупциската комисија истражува како купила непријавен стан на нејзината ќерка со огромен и несекојдневен попуст од потенцијалниот сват на Зоран Заев-Чифлиганец (а сега се откри и уште еден во Радовиш), како ниту еднаш истата не отвори истрага и обвинение за сомнителните бизниси на семесјтвото Заеви, за тоа киј е реален сопственик на еден куп фабрики за марихуана низ Македонија, како се шверцува истата, како фирмите на Заеви станале подизведувачи во Дајамонд во делот на копање на тунелот но и пошироко (за кој проект се говори дека сакаат и да си го купат), како станаа подизведувачи во градењето на некои странски фабрики во Макеоднија кои добија привилегии итн.

Ниту пак Лиле Стефанова се заинтересира како Чифлиганец ги направи првите милиони и за неговите сметки на Кипар во времето кога тој беше директор на државниот рудник Бучим, па да го провери тоа како од тие кипарски фирми се прелевале милиони долари онаму каде имало потреба да се трансферираат.

Сите овие споменати, заедно со Стефанова сега се чуствуваат безбедни, недопирливи и моќни, но ќе биде интересно да го видиме продолжението, тогаш кога власта ќе се смени и заштитата на нивните криминали ќе ја снема.

За да се врти темата за Груевски, Камчев, ВМРО—ДПМНЕ и слично во негативна конотација, инструираните медиуми повторно го прашувале министерот за правда кога последен пат побарале екстрадиција на Груевски од Унгарија.

Не е дека незнаат дека унгарската држава и секоја друга држава во Европа согласно закон не дозволува екстрадиција на лица на кои им издала азил заради политички прогон. Која е поентата да екстрадираат лице за кого констатирале дека е политички прогонувано лице на земјата кија политички го прогонува? Нема поента, ама важно е нешто да се “вергла”, да се пишува и да се спомнува ВМРО-ДПМНЕ во негативна конотација.

Тие занесени и опиени од власта и не забележаа дека во меѓувреме се смени атмосферата и дека веќе никој ништо не им верува па отоварањето на овие теми наместо да им носи корист им носи зијан. И не приметуваат дека времето им одминува и дека наскоро, независно дали гледано во месеци или некоја година, може да седнат од другата страна во судницата од онаа на која стоеја или седеа досега.

Пишува: Александар Митовски

Latest News

Максо пак paзочаран од СДCM

Официјално, на синоќешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека во партијата ќе има внатрепартиски избори...

More Articles Like This