БАБА НА 32 ГОДИНИ: Мајка и ќерка родиле деца на 16 години

  • January 16, 2020
  • Коментари

Стефани Наирн (22) и нејзината мајка Филипа (38) родиле деца на 16 години. Велат дека имаат посебна врска, бидејќи практично израснале заедно, а луѓето мислат дека се сестри.

Филипа (38) веќе има две внуки. Ќерка ѝ Стефани пред 6 години го родила синот Кејден, а пред 3 години станала баба и на девојчето Лајли.

И мајката и ќерката тврдат дека им е многу драго што толку млади родиле деца. Стефани истакнува дека посебно ѝ е драго што рано станала мајка бидејќи сега може мирно да седи и да испие пијалок, додека нејзините врсници стануваат родители и се привикнуваат на новите обврски.

Стефани вели дека со мајка ѝ често излегува во бар, но дека не ѝ е пријатно кога ќе им пријдат мажи.

Во една објава Стефани се обидела да докаже како ѝ било кога станала мајка пред полнолетство.

„Да, луѓето пред 18 години стануваат ceкcyaлнo активни. Знам дека не би требало, но тие го прават тоа. Родив дете кога имав 16 години. Луѓето коментираа дека дете родило дете, но знаете што? Родив исто како мајка на 30-ти години, хранев, перев, го чував детето. Имаше тeшки моменти, но нивните насмевки лечеа сè. Сепак, сакам да им кажам на младите девојки дека не мораат да брзаат со некои работи и да користат зaштитa, не само поради бременост, туку и поради пoлoви бoлecти, а на сите млади мајки на светот им посакувам да продолжат да се трудат околу своето дете, да не им обрнуваат внимание на коментарите од средината и да знаат дека не се единствени“, напишала Стефани.

Претходно «
Следно »