БАЛКАНОТ СТАНА ДЕПОНИЈА ЗА ЕВРОПАСКАТА УНИЈА:Од Белгија во Косово се извезувало месо старо 12 години

  • March 16, 2018
  • Коментари

Белгиските власти затворија кланица која ги фалсификувала податоците за рокот на траење на месо и месни производи, и во нив ставала класичен отпад. Погодени се повеќе земји- меѓу нив и Косово.


Според Системот за итно предупредување на ЕУ за безбедност на храна,со скандалот се погодени Белгија, Холандија, Луксембург и Велика Британија. Медиумите јавуваат дека големите трговски синџири во тие земји го отстраниле месото на фирмата „Вевиба“.
Кланицата во Бастоњ пред неколку дена е затворена. Инспекторите извадиле 200 примероци од 2.000 палети со месни производи кои биле подготвени за транспорт- од нив дури 133 биле со аномалии. Воглавно се работи за „отпад од кланици“ кој бил илегално обработен во мелено месо, пишуваат белгиските весници. Во рамките на скандалот било откриено и дека органски произведеното месо наводно, исто така, било измешано со месо произведено на конвенционален начин.

Извоз на Косово

Она што звучи неверојатно е дека месо кое уште во 2004 година било обработувано во кланицата на фирмата „Вевиба“, било извезено на Косово 12 години подоцна. Така тврди еден фламански весник.
Повеќето етикети на пакувањата на „Вевиба“ биле отстранети, а годината на производство била препознатлива само на некои од нив. Според холандскиот „Тагесцајтунг“, Инспекцијата за храна на Косово во 2016 година ја предупредила за проблемот Белгиската агенција за безбедност на храната. И белгиското обвинителство отворило истрага, но дури кон крајот на февруари годинава.


Професор од универзитетот во Гент, Белгија за домашните медиуми објаснува дека „замрзнувањето месо во тек на период од 12 години не е само по себе ризик за здравјето“. Но, за да се избегне и најмала опасност, ладењето не смее да се прекинува и месото мора постојано да биде чувано на температура од минус 18 степени Целзиусови.
Овој случај потсетува на скандалот со фипронил кој беше пронајден во јајца минатото лето. И тогаш се дозна дека белгиските власти долго знаеле за контаминираниоте јајца но молчеле.И тогаш првично беше соопштено дека се погодени само мал број земји, за подоцна да произлезе дека ширум Европа била во продажба милиони контаминирани јајца.

Претходно «
Следно »