БАЛКАНСКИ ЖИВОТ:Поради извршители сакаше да скокне од тераса

  • January 30, 2018

Во белградската населба Миријево жена сакаше да се фрли од тераса бидејќи на врата и затропале извршители.

Полицијата и соседите успеале да ја смират, извршувањето е одложено, а видно вознемирена жената им кажала дека е ова е единствениот начин на кој може да го реши проблемот.

-Ниту едно решение на мое име за иселување од станот не постои. Овај стан е легализиран и имам имотен лист. Сите документи му ги однесов на судијката која ми рече дека не може да издаде решение и дека не знае дали ќе ме исели или не. И сега ми испратија без никакво предупредување извршители да ме исфрлат надвор, кажа оваа жена пред српските медиуми.

Таа вели дека е без работа, останала технолошки вишок и нема кој да ја заштити.

-Морам да се качувам, што да правам, единствено така можат да слушнат за мојот случај. Очигледно треба да падне жртва за некој да реагира, реагираше оваа жена.

Претходно «
Следно »