БАРАЊЕТО ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ОСТАНУВА: Ќе бидеме силна опозиција која брзо со помош на народот ќе се врати на власт!

  • May 31, 2017

Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен, истакна вечерва во Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Покажавме што е одговорна власт, што е власт која се грижи за народот, која ги исполнува дадените ветувања, која отвора нови работни места, која прави реформи и напредок. Уште еднаш ќе покажеме и што е одговорна, но и силна опозиција, која брзо, со поддршка на народот ќе се врати на власт, и ќе го превземе водството на водење на земјата напред и создавање на подобри услови за живот, истакна Груевски.

Претходно «
Следно »