September 24, 2021, 7:10 pm

Бајден апелира на дeeckалација на koнфликтот, Нетанјаху му порача дека ќе продолжи со жecтоkа вoeна офaнзива во Појасот Газа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навел дека очекува „значителна деескалација на патот кон прекин на огнот“, соопшти Белата куќа.

„Двајцата лидери детално разговараа за настаните во Газа, напредокот на Израел во намалувањето на можностите на Хамас и другите терористички елементи и продолжувањето на дипломатските напори на регионалните влади и Соединетите држави“, известуваат израелските медиуми за разговорот.

Двајцата лидери разговараа по десет дена жестоки судири меѓу Израелците и Палестинците.

Тоа беше најголемиот јавен притисок на Бајден врз сојузникот на САД, проценува „Асошиејтед Прес“. Притисокот исто така расте и на Бајден да стори повеќе бидејќи бројот на жртвите во конфликтот надмина 200.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, веднаш по разговорот со Бајден вети дека ќе продолжи со жестока воена офанзива во Појасот Газа, со што ќе се спротивстави на повиците на американскиот претседател eо Бајден за прекинување на операцијата што остави стотици мртви.

Тешките коментари на Нетанјаху го означија првиот јавен раздор меѓу двајцата блиски сојузници од почетокот на борбите минатата недела и може да ги комплицираат меѓународните напори за постигнување на примирје.

По посетата на воениот штаб, Нетанјаху рече дека „многу ја цени поддршката на американскиот претседател“, но рече дека Израел ќе напредува „да ви ги врати смиреноста и безбедноста на вас, граѓаните на Израел“.

Тој рече дека е „решен да ја продолжи оваа операција додека не се исполни нејзината цел“.

Бајден претходно избегнуваше подиректно и јавно да го притиска Израел за прекин на огнот со милитантните владетели на Газа, Хамас. Но, притисокот се зголемува врз него да интервенира посилно бидејќи другите дипломатски напори исто така собираат сила.

Нетанјаху повеќе пати ветуваше дека ќе продолжи со операцијата и неговиот тврд одговор на Бајден сигнализира дека нема намера да запре. Во друг знак на потенцијална ескалација, милитантите во Либан во средата истрелаа ракети кон северен Израел.

Latest News

Еврејската верска заедница пpoтив бришење на бугарски фaшиcтичkи okyпатор

Вистински напредок во односите со Бугарија не може да има се додека опстојува атмосферата на уцена, порача денеска вицепремиерот...

More Articles Like This