October 28, 2021, 6:22 am

Бајден го убеди Макрон: Франција го враќа амбасадорот во Вашингтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција ќе го врати својот амбасадор во Вашингтон следната недела откога претседателите на Франција и на САД, Емануел Макрон и Џозеф Бајден, во телефонски разговор договорија средба за крајот на октомври, на која ќе разговараат за решавање на дипломатскиот спор за подморниците.

Макрон и Бајден одлучија да почнат процес на темелни консултации со цел создавање услови за обезбедување доверба, се наведува во заедничката изјава на Елисејската палата и Белата куќа, а пренесува агенцијата АП.

Во атмосфера на смиреност, францускиот амбасадор во САД, Филип Етијен, ќе се врати во Вашингтон следната недела, одлучил Емануел Макрон.

„Отворените консултации меѓу сојузниците за прашања од стратешки интерес за Франција и европските партнери ќе овозможат да се избегне оваа ситуација. Претседателот Бајден ја изрази својата посветеност кон ова прашање“, се вели во соопштението.

Неодамнешниот договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија за купување подморници имаше негативно влијание врз Франција, која затоа ги повлече своите амбасадори од САД и Австралија и го откажа состанокот на министрите за одбрана со Британија.

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This