January 23, 2021, 9:25 am

Бајден најави големи пpoмени: Претседателот Трамп целосно го смени ликот на државата и ќе мора да го смениме тоа

Поврзано

(Видeo) Џонcoн: Бритaнcкиот coj на кopoнавиpycот е мнoгy пocмpтнocен

Новиот сој на ковид што е откриен во Велика Британија може да биде посмртоносен од другите соеви, рече британскиот...

Бил Гejтс се вakцинираше

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус. За ова тој денеска соопшти на...

Членови на тимот на Бајден преговарале со претставник на Иран додека Трамп бил се уште претседател

Членовите на тимот на новиот американски претседател Џо Бајден преговарале за нуклеарен договор со Иран додека мандатот на Доналд...
- Advertisement -

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп.

Во своето прво пост-изборно интервју за Ен Би Си, Бајден зборуваше за трансферот на власта и за другите прашања со кои ќе се соочи за време на неговиот мандат.

Со оглед на тоа што администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп го иницираше процесот на трансфер на власта и на некој начин го призна поразот на изборите, Бајден посочи дека неговиот тим се обидува да го информира новиот американски претседател за сите настани.

 Администрацијата веќе почнува да ги подготвува дневните извештаи што ќе ги добивам како претседател. Исто така, организираме состанок со тимот во Белата куќа за борба против Ковид за да договориме условите за дистрибуција на вакцината, која треба да им биде достапна на сите луѓе, рече Бајден.

Тој се осврна на гласините дека неговата администрација ќе се однесува како онаа на Барак Обама.

– Се соочуваме со сосема поинаков свет од тој во администрацијата на Обама. Претседателот Трамп целосно го смени ликот на државата и ќе мора да го смениме тоа, рече Бајден.

Latest News

(Видeo) Џонcoн: Бритaнcкиот coj на кopoнавиpycот е мнoгy пocмpтнocен

Новиот сој на ковид што е откриен во Велика Британија може да биде посмртоносен од другите соеви, рече британскиот...

More Articles Like This