Бајден со притиcok врз Путин, бара средбата да се одржи што побргу

Поврзано

(Видео) Macaкap вo Рио: Нajcмpтoнocнaтa пoлициcкa akциja вo иcтopиjaтa нa Бразил – oвa ce дeтaлитe

29-тата жртва на акцијата во фавелата Жакарезињо ја лансираше оваа рација во самиот врв на најсмртоносните полициски операции во...

(Boзнeмиpyвaчкo видeo) Нajмaлку 40 зaгинaти вo ekcплoзиja вo близинa нa yчилиштe во Кабул, пoвeќe oд 50 лицa, пpeтeжнo yчeници, ce пoвpeдeни

Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни...

Haпaднaтa вoeнa бaзa во Иpaк кaдe ce cмecтeни aмepикaнcки тpyпи

Ирачката воздушна база Аин ал Асад, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало. Во...
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден му предложи на рускиот лидер Владимир Путин да се состанат „во следните недели“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Повеќе би сакале да имаме стабилни и предвидливи односи со Русија. Ова, од друга страна, бара отворени линии на комуникација за да можеме јасно да зборуваме за нашите ставови, политиката, нашите приговори за постапките на Русија. Ова е важно за да се избегнат погрешни проценки. Го видовте тоа вчера кога претседателот Бајден го зеде телефонот, го повика претседателот Путин и му предложи да се состанат во следните недели“, рече Блинкен на прес-конференција во Брисел.
Претходно, Белата куќа објави дека лидерите можат да се состанат во следните неколку месеци.

Путин и Бајден го одржаа својот втор телефонски разговор по инаугурацијата на американскиот претседател во вторникот. Според Кремљ, претседателите детално разговарале за состојбата на билатералните односи и за низа меѓународни прашања. Белата куќа изјави дека Бајден му предложил на Путин да одржи личен состанок „во трета земја“ во следните месеци.

Да потсетиме, американскиот претседател Џозеф Бајден во интервју за „АБЦ“ изјави дека руското раководство ќе мора да ја „плати цената“ во врска со обидите за мешање во изборите во САД, што и се припишува на Москва. Покрај тоа, шефот на Белата куќа потврдно одговори на прашањето дали го смета Путин за „убиец“. Реагирајќи на таа изјава, претседателот на Русија, Владимир Путин, му посака добро здравје на американскиот лидер. Подоцна тој му предложи на Бајден јавна дискусија преку Интернет.

Latest News

Мајка пpиjaвилa вo пoлициja – oд дoмoт ce oддaлeчил нejзиниoт cин

Во текот на вчерашниот ден мајка од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син. Во СВР Куманово С.С.(55)...

More Articles Like This