October 20, 2021, 7:54 pm

Бајден ќе го затвора озлоглaceниот Гвантанамо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден активно размислува за повторно воведување на позицијата пратеник на Стејт департментот за затворање на затворот во поморската база во заливот Гвантанамо на Куба, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Затворот, кој беше формиран за странци по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, стана симбол на неумереноста на американската „војна против тероризмот“ поради грубите методи на испрашување, кои критичарите ги нарекуваат тортура.

Поранешниот демократски претседател Барак Обама се обиде да го затвори, но неговиот наследник, поранешниот претседател од Републиканската партија Доналд Трамп беше против.
Актуелниот претседател на САД го поддржува затворањето на овој центар за притвор, пренесува Ројтерс.

Порано во овој американски воен затвор се наоѓаа до 800 затвореници, а сега останаа околу 40. На деветмина им беше препорачано да бидат префрлени во други земји.

Latest News

Грчева: Го слушам Заев вели дека морале веднаш да се променат…

Човек како Зоран Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската Унија. Тој не може да нѐ однесе...

More Articles Like This