Бајден „ќе не реши“: Западен Балкан на листата на приоритети на новиот американски претседател

Поврзано

Брисел: Напредокот на Македонија кон ЕУ ќе биде презентиран на 25-ти март

Дебатата за извештаите за напредокот на четирите балкански земји кон ЕУ ќе се одржи на мини-пленарната сесија на Европскиот...

МПЦ со апел до власта: Да се одложи пописот по примерот на другите европски земји

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана...

Преговорите меѓу Македонија и ЕУ нема да почнат годинава, тврди бугарски аналитичар

Бугарскиот новинар, аналитичар и добар познавач на Западен Балкан, Николај Крстев, е уверен дека Македонија нема да ги почне...
- Advertisement -

Западен Балкан е меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација, било речено во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Според соопштението на Белата куќа, двајцата државници ги посочиле приоритетните теми, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан.

„Претседателот Џозеф Бајден разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесувајќи ја неговата желба за продлабочување на односите меѓу двете земји. Тој ја изрази својата намера да го ревитализира трансатлантскиот сојуз, вклучително и НАТО и Европската унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности. “се наведува во соопштението од Белата куќа.

Тие исто така се согласиле за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатералните организации, борбата против климатските промени, борбата против kovid-19 и подобрувањето на здравствената заштита, како и постигнувањето на одржливо глобално економско закрепнување, се наведува во соопштението.

Ова беше петти телефонски разговор на Бајден со странски лидер откако ја положи заклетвата за претседател на САД на 20 јануари.

Претходно, тој разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор од Мексико, премиерот Борис Џонсон од Велика Британија и претседателот Емануел Макрон од Франција, пренесува УС Њус.

Latest News

„Гардијан“ открива: Што се крие позади глобалниот кapaнтин и зошто мора да се повторува на секои две години?

Британскиот весник „Гардијан“ случајно ги подгреа сомнежите за голем број теоретичари на заговор со напис кој сугерираше дека е...

More Articles Like This