БАЈРАМ НА ПАМЕТОТ: ДУИ одлучиле да учествуваат во влада со СДСМ, за да немало ескалации на состојбата!

  • March 3, 2017

Демократската партија на Албанците на вечерашното Централно претседателство донесе одлука да учествува во новата реформска влада предводена од СДСМ, потврди вечерва портпаролот на партијата Бујар Османи, јавуваат медиумите.

bujar_dui_recica

– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата, истакна Османи и порача Иванов да го доделел мандатот на Заев.

Сепак, Претседателот Иванов јасно стави до знаење дека мандат за составување на Влада нема намера да додели ниту на личност, ниту на партија која во својата коалициона определба за основа ја има т.н. албанска платформа составена во Тирана.

Ова е уште еден јалов обид на ДУИ и СДСМ, под покровителство на Тирана, Приштина но и некои дипломатски кругови од САД и ЕУ да направат притисок врз претседателот Иванов, притоа заканувајќи се со ултиматуми и ескалирање на состојбата.

Претходно «
Следно »