January 22, 2021, 4:09 am

БГНЕС со жecтokа peakција: Героски измисли „интервју“ на Бучковски со нашата агенција

Поврзано

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

(Видео) Heделковски: Cвeтот се движи кон нова cвeтcкa вojна

Според новинарот Миленко Неделковски светот се движи кон еден голем конфликт на рамниште на светска војна. Причината за ова потенцира...

(Видео) Светот нecпpeмен ја дочека новата фaшиcтичka okyпациJa

Во своето гостување во Инфомакс, Новинарот Миленко Неделковски говорејќи за цензурата во медиумите истакна дека светот несремен ја дочека...
- Advertisement -

Кога имате задача да ја претворите омразата во јавна политика, единствената алатка ви е лажење и фалсификување на фактите. Неколку часа откако македонската влада го назначи поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален пратеник за Бугарија, започна нова хистерија против Бугарија во РС Македонија. Целта е многу едноставна – да нема разбирање меѓу Скопје и Софија и да ги блокираме евроинтеграциите, пишува БГНЕС во редакциски коментар.

„Нивната немоќ да го оправдаат незадоволството од Бугарија и напорите на Скопје да ги реши сите спорови наследени од поранешниот режим доведоа до обновување на методите од 1945 година, кога луѓето на скопскиот централен плоштад извикуваа „смрт“ за секој што мисли поинаку. Денес, истите скандирања се слеваат од телевизија, радио и електронските медиуми.

Така, новинарот Бранко Героски измисли „интервју“ на Бучковски со БГНЕС. Со бројни „цитати“ од она што Бучковски го кажал за БГНЕС и „забелешки и прашања“ од „новинарот на БГНЕС“, се потсетуваме на повиците за линч на „непријателите на народот“ од периодот по Втората светска војна.

Сега не се потребни „изговори за пропустот, превид, конфузија, итн.“ од авторот. Нема да очекуваме реакција на разни „институти, научници, професионални здруженија“ да го осудат кршењето на стандардите на професионалното новинарство. Едноставно – ова не е новинарство – ова е пропаганда во корист на идеологијата на омраза.

Сепак, целта на лагата за судир меѓу Бугарија и Македонија е недостижна.

Двете земји ќе бидат заедно затоа што се обединети, не само од минатото, туку и од иднината. Македонците заслужуваат да живеат слободно и имаат право да бидат информирани како и секој друг Европеец. Тие исто така имаат право да се нарекуваат себеси Македонци и да зборуваат на јазикот што го сакаат, но не заслужуваат систематски да бидат изманипулирани и израснати во омраза против никого! Омразата нема место во Европа!“, велат од Агенцијата.

Latest News

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

More Articles Like This