БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава со тоа каде тој ручал

Поврзано

(Видео) Исти луѓе, исти лаги

ВМРО-ДПМНЕ објави видео на кое се гледа дека Зоран Заев и други функционери на СДСМ лажно три години ветуваат...

Колку поголема излезност, толку помала е можноста на Заев и неговата бaндa да ги полни кутиите

Универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија истакна дека гласот на граѓаните мора...

(Видео) Тие сакаат луѓе со cвиткaнa кичмa, а ние сакаме горди македонци

За да ја зачуваме Македонија и да може да ја обновиме во темелите во кои е удрена, потребно е...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови бил присутен во еден угостителски објект, и како што вели подготвен е да ја плати казната за прекршокот кој го направил поради нејаснотии околу новите протоколи на владата

 

Мицкоски додава и дека, во услови кога во Македонија имаме стотици заразени и десетици смртни случаи поради неодговорност на власта, владејачката партија се занимава со дневнополитички ситни поентирања.

„Во услови кога имаме вистинска катастрофа од ширењето на корона заразата и целосно фијаско на власта која е дезориентирана и не е ефикасна, таа се занимава со тоа дали сум ручал внатре или надвор во ресторан, притоа комплетно покажувајќи го на дело нејзиното нечесно лице и инсталации. Дефокусирајќи ја јавноста со таа “епска битка” на специјалците од ЕБР, со вработените од ресторан, јавувајќи се по медиуми, да прават приказна од нешто каде нема и низа други дезинформации, со цел да се дефокусира вниманието од вистинската катастрофа со животите на граѓаните, предизвикана од неспособната власт.

Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива. Жал ми е што денес, покрај погубните бројки на ново заболени и починати случаи, катастрофалното менаџирање со кризата од корона вирусот, економскиот дебакл на власта, кражбите на парите на граѓаните со милионски суми, рекетите, распродажбата на националните интереси, денеска тема стана и мојата средба со познаници во една Скопска кафеана. Човечки е да се згреши, и не сум лицемер кој едно говори пред камерите, а друго зад нив. Сакам да демантирам, дека имав било каков контакт со било кој од државната инспекција или органите на државата. Тоа се измислици за да се потхрани дефокусирањето на јавноста.
И да бидам искрен, овој мој човечки грев, сметам дека е многу помал од состојбата која денес се случува врзана со губењето на животи и неодлучноста на владата која го загрижува здравјето на сите.
Денес вистинската тема е што имаме 101 ново заразен и 4 починати. Власта сака да продаде приказна за да ја скрие вистината за себе, и фактот дека моето одење во ресторан не зарази никого, но нивната неспособност и СДСМ кластерот, да.

Ако некој имаше дилема, сега е повеќе од јасно, кристално јасно дека власта и параполициските сили диригирани лично од Зоран Заев ме следат. И треба да знаат, Македонија не заборава, а сите тие ќе бидат поразени!“ – пишува Мицкоски на својот ФБ профил.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести