БЕГAAT ОД МАКЕДОНИЈА: За првите три месеци 8,1 милиони евра македонски инвестиции во странство

  • June 5, 2019

Доаѓа ли период во кој македонските компании почнуваат да ги селат инвестициите во други држави е прашање што заслужува внимание доколку се земе предвид дека во првите три месеци од годинава директните странски инвестиции од нашата земја во странство изнесувале 8,1 милиони евра, пренесува Либертас

.

Податоците на Народната банка покажуваат дека станува забор за значително зголемување во однос на 2018 и 2017 година кога директните инвестиции од земјава во странство изнесувале 2,6 односно 1,75 милиони евра, на годишно ниво.

Ваквото зголемување доаѓа истовремено со падот на странски инвестиции во нашата земја. Во првото тримесечје во земјава влегле скромни 29 милиони евра странски директни инвестиции, што е неколкукратно намалување во однос на истиот период минатата година кога биле инвестирани 235 милиони евра.

Претходно «
Следно »