БЕЗБЕДНОСТА И НАТО: Најголем број на терористички напади во ЕУ имаат членките на НАТО

  • October 9, 2018

Референдумот за промена на името ги запали мегафоните кои упорно ги убедуваа граѓаните дека влезот на Македонија во НАТО ќе ја зголеми безбедноста во Македонија. Сепак секој слободоумен човек со малку повеќе познавања е свесен дека ова воопшто не е точно. Прво и основно НАТО не ги штити своите членки од внатрешни конфликти, како што беше примерот со Турција во која се случи обид за државен удар врз власта на Ердоган.

Сепак ова не е клучниот фактор кој докажува дека НАТО воопшто не ја подобрува безбедноста на земјите членки на алијансата. Имено ваквата манипулација многу полесно се потврдува со бројот на терористички напади на тлото на Европската Унија. Според статистичките податоци токму најголемиот број на терористички напади во ЕУ се случуваат токму во земјите членки на НАТО. Односно од 9-те земји членки на ЕУ земјите со најголем број на терористички напади се оние кои се членки и на НАТО. Велика Британија е убедлив лидер во терористички напади на нејзино тло со 107 напади само во 2017 година, додека на второ место е Франција со 54 и Шпанија на трето со 16. На листата на последни 8 и 9 место се Финска и Шведска со по еден терористички напад, а токму овие две земји никогаш не станале членки на НАТО алијансата.

 

 

 

Линк од истражувањето:

https://www.statista.com/statistics/746674/number-of-terrorist-attacks-in-the-european-union-eu/

Претходно «
Следно »