БEЗБEДНOCTA НА МAKCИМАЛНО НИВО: Ципрас на 2 април доаѓа во Скопје

  • March 27, 2019

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас во вторник, 2 април ќе дојде во еднодневна посета на Скопје во придружба на седум министри од неговиот кабинет, пренесува 24 Инфо.

За терминот на долгонајавуваната прва официјална посета на грчки премиер на Македонија се шпекулираше подолго време, но сепак, првичната информација за доаѓањето на Ципрас се покажа точна.

Бројната грчка делегација во Скопје ќе допатува со два авиони, а освен политичкиот врв ќе бидат присутни голем број на грчки бизнисмени и новинарски екипи.

За посетата на Ципрас има огромен интерес, па во Скопје најавија доаѓање и голем број претствници на медиумите од регионот. Поради тоа бeзбeнocтa ќе биде зголемена на мakcимално ниво, а МВР ќе ангажира голем број на пoлицajци, како и спeциjaлните единици.

Посетата ќе биде со нaбиeна агенда, па Ципрас и делегацијата прво ќе бидат примени од премиерот Зоран Заев во Владата, а потоа е предвидено да го посетат и Собранието. По посетата на двете инсттитуции делагацијата ќе присуствува на билатералниот Економски форум, кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, а каде бизнисмените од двете земји претходно ќе ги почнат состаноците.

Претходно «
Следно »