БЕЗМИЛОСНОСТ ВО НАЈАВА: Командирот на специјалните единици во МВР најавил апсења и примена на сила на „Мечкин Камен“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безмилосност во најава. На последниот колегиум на штабот во МВР задолжен за организација на прославата на Мечкин Камен, командантот на специјалните единици Бранко Трајановски отворено најавил апсења и брутална примена на сила врз секој присутен на прославата кој ќе свирка и вика УА на Заев


Иако најголем дел од задолженијата на тој настан се на Одделот за обезбедување на личности и објекти, сепак, за да се додвори, Трајановски рекол дека нема да дозволи ситуација во која лани Иванов беше дочекан со аплаузи, а функционерите на СДСМ со свирежи.

Со оглед на фактот дека прославата не е протест или настан поврзан со нарушен ЈРМ во поголем обем, нејасно е како ЕБР, ПЕП и ЕСЗ ќе делуваат освен вообичаеното длабинско обезбедување на околниот простор. Сосема е извесно дека ваквата милитантна поставеност само ќе му направи лоша услуга на Заев да се обрати пред празно поле во кое ќе има повеќе полицајци од граѓани.

Затоа пак неговиот колега Пендаровски годинава реши на “сигурно” да го одбележи Илинден меѓу високите огради на вила Водно со најблиските соработници. Веројатно мотивиран од прославите на амбасадите во Скопје, заборава дека нивните лидери во нивните држави за празниците со кои се одбележува државноста не се во нивните вили туку на Елисејските Полиња, плоштадите, местата на битките кои довеле до независност и слично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This