December 8, 2021, 10:59 pm

Без коментар: Со слика од Груевски во раката, Кондовски тврди дека води позитивна кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Битолчани тврдат дека ова е најцрната кампања која се води. Црната кампања е со памфлети, со мешање на моето семејство, мојата мајка. Разочаран сум како доктор од противкандидатот Тони Коњановски и сметам дека ова е срамота“ кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на дебатата на МТВ.

Тој додаде дека очекува утре, по изборите да може да се сретне со неговите противкандидати и да разговара и живее со нив, па затоа е разочаран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние цело време водиме позитивна кампања, а за тоа имаме потврда и од ОБСЕ, кои кажуваат дека водиме позитивно и перспективна кампања во делот на понудата, проектите и програмата. Така и ќе продолжам“ кажа Кондовски.

Тој додаде дека неговиот порив за кандидатурата за градоначалник е што како граѓанин и стопанственик ги гледал проблемите со кои се соочуват битолчани и неговата убеденост дека може да ги реши.

Latest News

(Фото) Ископан скелет од досега непознато животно, научниците немаат објаснување

Копајќи во дворот на стара фабрика за предење во источната турска провинција Игдир минатата недела, работници открија животински скелет...

More Articles Like This