БЕЗ КУРДИТЕ, ИСИС ЌЕ ПОБЕДЕШЕ ВО ВОЈНАТА: Зошто на Курдите им се одземаат сите права на живот и определба?

  • February 21, 2018

Курдскиот проблем е еден од клучните на Блискиот исток, постоеше многу пред Арапската пролет и ќе постои уште долго. Во темелот му е противречност, проблем кои ги потресува и многу европски држави – тоа е прашањето за почитувањето на суверенитетот на државата и правото на самоопределување, заклучено е на конференцијата на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Москва

Нир Розен, советник во Сирија и Ирак на панелот „Судбината на Курдите: централно прашање“, зборуваше за сириските Курди.

„Курдите во Сирија прават модел кој е прилично успешен, но сега тој е под закана. Без обзир на сите грешки, треба да се сочува, а не да се наруши. Курдите сега се обидуваат да обезбедат стабилно управување. Тие сместија илјадници раселени Арапи и луѓе кои бегаа од гневот на ИСИС. Треба да се каже дека воените структури на Курдите се подисциплинирани и дека се однесуваат подобро од бил кој во регионот“, наветува Розин, истакнувајќи ја нивната борба против тероризмот.

Како што вели, Курдите во Кобане склучија сојузништво со САД и тоа во момент кога САД решија да го политизираат своето присуство во тој регион и кога бараат смена на владеачкиот режим.

„Треба да се каже дека Курдите сега трпат пораз во таа војна. За Турција е многу важно да го сочува своето упориште во борбата против Курдите. Меѓутоа, такво зачувување на курдски кантон под американски чадор може да доведе до војна“, предупредува експертот, наведувајќи дека е многу важно сите страни да седнат на преговарачка маса и да разговараат за иднината.

„Сега ако во текот на процесот на реинтеграција на сириските Курди, кои добиваа ветувања за поддршка од Обама и Макрон, но не ја исполнија до крај. Курдите станаа инструмент на САД во борбата против Иран во тој регион. Африн стана прва жртва на таквата политика на САД. И јас би рекол дека ситуацијата во Африн ќе го одреди понатамошниот тек на тој конфликт“, вели Розен.

Афринската операција, како то вели, во суштина е борба за нафтени полиња, за ширење на контрола и освојување на упоришта.

Тој оценува дека нов дијалог помеѓу завојуваните страни во Сирија би можел да се постигне под раководство на Русија, а дека прашањето на пронаоѓање на решение за сириската криза треба да се бара во Женева и Сочи.

Хемин Хаврами, виш советник на претседателот на Ирачки Курдистан Масуд Барзании член на Советот на демократската партија на Курдистан, зборувае за позицијата на Курдите во Ирак.

„Курдското прашање е дефинитивно едно од клучните. Прашањето на Курдите е прашање на демократизација. На Курдите не им се дава можност да бидат вклучени во сите процеси, да учествуваат во живот во државата во која живеат. Тие немаат слобода, немаат можност политички да делуваат“, вели Хаврами.

Како што наведува, трансформацијата на Блискиот исток, посебно по првата светска војна, кога настанаа нови држави во тој регион и кога се појавија граници кои не ја одржуваат реалноста, се случија и поделби. На Курдите „гледаа како на друга сорта, граѓани од втор ред“.

„Таа супериорност кои тие ја чувствуваат над Курдите, подразбира и негирање на нашите права во Ирачки Курдистан за време на режимот на Садам. Се случи арабизација, следеа етнички чистења и хемиски напади врз Курдите“, додава тој.

Според неговите зборови, во 20. век, кога се формираше современ Ирак и кога е створен Курдистан, Курдите се обидуваа да бидат граѓани на таа земја, но разни режими во Ирак секогаш вршеа притисок на нив, па и по 2003. година беа приморани на востание.

„Во новиот Ирак се надевавме и понатаму се надеваме дека ќе станеме дел од ирачката држава и полноправни граѓани на новиот систем. Ние се пробавме, а што добивме? Добивме бомбардирање со хемиско оружје. Јас сум од град кој ги преживеа хемиските напади во 1998. година и сега го чувствувам мирисот на хемиското оружје. Никој освен Иран не го призна тој хемиски напад и немаше никаква поддршка за Курдите кои беа жртви на тој режим“, рече тој.

Хаврами нагласи дека ирачките Курди до 2003. година дефакто биле независни, а потоа доброволно решиле да бидат дел од новиот Ирак заедно со сунитите, шиитите и другите.

„За жал, од 2005. до 2014. година во Ирак се случува кршење на Уставот, се водеше политика на мнозинство, а не консензуална…“

По се што се случувало, револиции и востанија, лидерите на Курдистан решија да спроведат референдум.

„Сите други варијанти не моежа да направат партнерство во Ирак. Силите кои нас не туркаа низ тоа полноправно партнерство беа многу посилни од силите кои сакаа да не задржат во рамки на тој чадор, кој нам ни гарантираше полни права заедно со нашите други браќа во Ирак“.

Хаврами потсетува дека Ирачките Курди на 25.септември минатата година одржаа успешен рефенредум за независност од Ирак.

Претходно «
Следно »