БЕЗ НЕГО ТЕШКО ЌЕ ЈА ОСВОЈАТ ЛИГАТА:„Зидан беше доволно паметен да си замине на време од Мадрид“

  • March 6, 2019

Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“ успеа да слави против Реал Мадрид со 4-1 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони и така го исфрли актуелниот шампион од елитното натпреварување, а херој на тимот од Амстердам беше Душан Тадиќ.

Навивачите по поразот побараа оставки од претседателот Флорентино Перез и тренерот Сантијаго Солари, но очигледно такво нешто не планира ниту еден од нив да поднесе.

Легендарниот холандски фудбалер, Руд Гулит смета дека Зинедин Зидан направил паметен потег со неговото заминување.

„Зидан беше доволно паметен да замине во момент кога го загубија Роналдо. Тоа е целата поента на приказната, зашто без него тешко можат пак да ја освојат Лигата на шампиони. Го немате Роналдо, немате 50 голови во сезона“, вели Гулит.

Претходно «
Следно »