БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ ОГРОМЕН БРОЈ ГРАЃАНИ: Ризикот од повлекувањето на странските инвестиции исклучително лош за Македонија

  • September 6, 2017

Ризикот од повлекувањето на странските компании ќе биде исклучително лош за Република Македонија, а посебно за социјалната и материјалната сигурност на вработените и на работниците во Македонија, смета поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

-Ако се има во предвид дека во поголем број на градови има инвестиции, да го земеме како пример Кавадарци, каде што во „Дрекслермаер“ работат над 6.500 вработени или „Кромберг и Шуберт“ каде што работат над 3.000 работници, ефектите и врз локалните самоуправи и генерално врз самата држава ќе бидат катастрофални по однос на губењето на работните места за самите работници и се разбира за нивните семејства. Тоа е првиот момент од аспект на социјалната, материјалната и економската сигурност на работниците во Македонија, вели Митревски за КУРИР.

Вториот аспект, според него, би бил исклучително лош и врз самата економија во Македонија.

– Со оглед на тоа што огромна маса на работници кои примаат плата учествуваат во потрошувачката генерално во економијата во Македонија, така што, огромен број на потенцијални потрошувачи не би имале можност да се вклучат во самиот процес на потрошувачка, што негативните ефекти би ги почуствувале и голем дел на други фирми заради намалениот обем на потрошувачката, потенцира Митревски и додадава:

„Третиот аспект исто така ќе биде од исклучително лоша слика за Македонија, со оглед на тоа што сликата и формирањето на отвореноста на самиот економски пазар во РМ беше еден од основните за развој на еден инвестициски бум кој беше присутен во овие простори, посебно во нашата држава, така што самата клима во делот на инвестициите и во делот на сето она што како севкупна слика се имаше формирано за Македонија би била нарушена, со оглед на тоа што на некој начин би бил оневозможен тој пристап на странските инвеститори во РМ“.

Според Митревски, станува збор за повеќе аспекти кои можат да рефлектираат исклучително лоша слика за Република Македонија, но и исклучително лоша и влошена економска социјална состојба за работниците и граѓаните во Македонија.

Претходно «
Следно »