November 28, 2021, 9:38 am

Бектеши: Издвоивме 1,2 милјарди евра за бopба со пaндемијата, ја пребродивме kpизата според најоптимистичкото сценарио

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – Владата на Северна Македонија уште на почетокот на избивањето на пандемијата пред скоро две години посветено работеше на креирање на интервентни мерки за поддршка на економијата и на граѓаните со цел за максимално намалување на негативните последици од економската криза која што ја зафати целиот свет, истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“ во организација на лондонскиот „Економист“.
Тој додаде дека подготвиле мерки во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра или околу 11 проценти од БДП.
– Овие мерки придонесоа да бидеме една од земјите со најмал пад на нивото на БДП, некаде околу 4,5 отсто на крајот на 2020 година. А доколку не ги спроведевме овие мерки, според нашите проекции БДП би бил за 8,7 проценти понизок во однос на 2019 година, што значи дека марките кои ги донесовме го постигнаа посакуваниот резултат и со тоа ние како Влада постигнавме значаен успех, кажа Бектеши.
Министерот говореше на панелот насловен „Фокусирање на економијата“ каде што се осврна на мерките кои што ги превзема Владата за опоравување на економијата но и зголемување на регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан.
Бектеши кажа дека последните статистички податоци за раст на БДП, намалување на невработеноста и зголемување на платите и индустриското производство од почетокот на годината покажуваат дека нашата земја пополека на економски план ја пребродува економската криза предизвикана од пандемијата според најоптимистичното сценарио.
– Но, покрај интервентните мерки кои што ги донесовме, пандемијата не натера да забрзаме многу други процеси кои е многу важно да се случат во нашата економија. Тоа е пред се зголемувањето на економската соработка со земјите во регионот, подобрување на условите за поголем прилив на странски инвеститиори, како и зголемување на инвестициите во инфраструктурата и во зелена енергија. Но, предизвиците се уште стојат пред нас, а за да се постигнат сите овие меѓусебни прашања помеѓу земјите од Западен Балкан неопходно е да се ориентираме кон консензуални одлуки што ќе придонесат пред се олеснување на трговијата со стоки и услуги без бариери, нагласи Бектеши.
Министерот потенцираше дека Владата создавала мерки кои што ќе стимулираат засилен развој на компаниите, со цел што поконкурентни да влезат во пост-пандемскиот период, како што е измена на условите на Планот за економски раст на Владата со кој се релаксираа условите за инвестирање, како и донесувањето на Интервентниот план за инвестиции на Владата со кој се планираат инвестиции од 8,2 милијарди евра, од кои над 50 проценти се инвестиции од реалниот сектор.
– Главна цел на овој план е да ја поттикнеме конкурентноста на локално ниво, за да бидеме конкурентни и атрактивни како дестинација, но не само како поединечна земја, туку на ниво на регион. На овој начин ќе влијаеме да ја подигнеме и конкурентноста на целиот регион, наместо да создаваме конкуренција помеѓу земјите од регионот, посочи Бектеши.
Тој дополни дека големи инвестиции и реформи се направени и во енергетскиот сектор што ќе значи раст на целокупната економија.
– На крај сакам да кажам дека единствениот пат кон побрзо економско заздравување во пост-ковид периодот е регионалниот пазар, земјите од Западен Балкан да станат важен дел од глобалните синџири на производство. Во таа насока, сите ние, како земји се обидуваме да работиме на креирање на конзистентни економски политики, заклучи министерот Бектеши

Latest News

Од денеска започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово

Од денес 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми...

More Articles Like This