Бектеши најави ваучери за туризам за летната сезона

Поврзано

Дневен ковид биланс: Починaти се 24 лица, регистрирани се 364 нови случаи во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови...

Биотepopистите го напуштија Cобранието

Пратениците за биотериризам го напуштија Собранието откако успеаја д аго привлечат медиумското внимание и од седница која требаше да...

Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фаj3ep“

Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат...
- Advertisement -

Во денешното гостување на ТВ Сител, министерот за економија, Крешник Бектеши во однос на ваучерите за туризам, кои беа споменати, посочи дека нивната вредност ќе биде уште поголема.

„Вредноста ќе биде уште поголема, а дополнително на тоа ќе биде за сите тие вработени со ниски приходи. Ако има потреба секако дека сумата ќе се зголеми, но истовремено и граѓаните опфатени во програмата ќе бидат зголемени“, рече Бектеши.

Тој смета дека оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата дражава.

„Дополнително на тоа ја разгледуваме можностата да ги вклучиме и туристичките агенции да можат да издаваат одредени ваучери кои ги издава Министерството за економија или пак да бидат посредници за нашите граѓани и за нашите туристички објекти и на таков начин директно да им помогнеме. Дополнително на тоа работиме со стопанските комори за одредена промоција на нашата држава која ќе почне при почетокот на мај, значи во тие одредени држави каде што ние и претходно или традиционално сме имале странски туристи, но и таму каде што анализите ни покажуваат дека има потенцијал за да поттикнеме странски туристи“, изјави Бектеши.

Latest News

More Articles Like This